fbpx

Монтажна амбуланта на Детска клиника заради спречување на ширењето на корона вирусот

Поставена е монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, чија цел е да се спречи евентуално ширење на Ковид-19 кај најмладите пациенти, соопшти Министерството за здравство, напоменувајќи дека амбулантата е поставена како дел од активностите за враќање на редовното работење...

Сè уште не се знае која фирма и кога ќе го чисти линданот од ОХИС

Сè уште не се знае која компанија ќе го чисти токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС, ниту пак кога ќе започнат и колку време ќе траат работите на терен. Според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање, тендерот за избор на...

Инспекторите сè уште не знаат кој стои зад вчерашното загадување на Вардар

Државниот Инспекторат за животна средина сè уште нема утврдено кој е причинител на загадувањето на Вардар, кое се случи вчера, кога речните води се обоија во жолто-кафеави нијанси во близина на скопската населба Лисиче. Земените мостри од канализациониот испуст во Вардар кај мостот Близнак денес...

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите добро организирани и покрај пандемијата, но правната несигурност останува грижа

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила, велат набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во денешната изјава. „Ова се...

Спасовски: ДИК е должна да излезе на прес-конференција и да ги соопшти изборните резултати

Грѓаните ги очекуваат изборните резултати и Државната изборна комисија е должна да излезе на прес-конференција и да ги соопшти, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција. „Во периодот што претстои, граѓанската волја мора да биде час поскоро преточена во формирање на нови легитмни институции,...

Регистрирани 94 нови случаи на ковид-19, оздравени 42 пациенти, осуммина починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19. Oд нив, 49 се во Скопје, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9 и Кичево -2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира...

МИОА целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на АВМУ кон Телма и Алсат-М

Министерството за информатичко општество и администрација, како надлежно министерство за медиумите, целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против телевизиите Телма и Алсат-М, заради пренесена изјава на министерот за здравство Венко Филипче, за...

Според „ДУНА“, апликацијата функционирала беспрекорно, сајтот на ДИК бил предмет на напад

Од компанијата „ДУНА“, која што ја изработи апликацијата за следење на гласовите и изборните резултати, тврдат дека нивната апликација функционира најнормално и била подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на Државната изборна...

Мицкоски не признава пораз, победиле во најмногу општини, сака да преговара за формирање влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во првото појавување по објавувањето на резултатите од вчерашните избори не ја честиташе победата на противникот и не го призна изборниот пораз. Наместо ова, тој тврди дека народот се определил за промени и дека расположението на граѓаните во земјава...

Народна банка: Ковид-19 сè уште негативно влијае на економијата

Каматната стапка на благајничките записи од 1,5 проценти останува на исто ниво, одлучи Народната банка на редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Генерално, ширењето на вирусот ковид-19 во глобални рамки и во...

Штип засега со четворица пратеници, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, по еден од СДСМ и Левица

По првичните неофицијални резултати од Општинската изборна комисија во Штип за вчерашното гласање на предвремените парламентарни избори, извесно е дека штипјани ќе ги претставуват двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од СДСМ и од Левица. Сигурен влез во Собранието обезбедија Иван Јорданов, координатор на...

Македонско радио со изјава на Чулев, Телма и Алсат со изјава на Филипче го прекршиле изборниот молк

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница донесе заклучок за покренување на прекршочни постапки пред надлежен суд против телевизиите Телма и Алсат-М, а идентична прекршочна постапка ќе следи и против првата програма на Македонското радио за прекршување на...

СДСМ: ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста

СДСМ ја повика Државната изборна комисија (ДИК) да ги поправи грешките и да презентира резултати пред јавноста. „Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се...

ДИК рачно ги проверува записниците, неофицијалните конечни резултати попладне

Од утрово повторно функционира веб страната на Државната изборна комисија (ДИК), откако синоќа падна во времето кога требаше да се објават конечната излезност на парламентарните избори и првичните резултати. Сега во функција се и веб страните izbirackispisok.gov.mk и prigovori.sec.mk, но јавноста и понатаму нема увид...

Министерот Дамјан Манчевски повторно во самоизолација

Министерот за информатичко општество и администрација информираше дека е во самоизолација откако неговиот заменик министер и возач се позитивни на корона вирус. „Откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на...

ВМРО-ДПМНЕ во Охрид со 1.667 гласа пред коалицијата “Можеме”

Според првичните податоци на Државната изборна комисија, опозициската коалиција „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила најмногу гласови во Охрид во рамките на предвремените парламентарни избори кои се одржаа вчера во земјава. Опозициската коалиција со 12.480 освоени гласови е пред Коалицијата Можеме на СДСМ, која...

Заев: Имаме стабилна предност од три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ

Околу 2 часот по полноќ, претседателот на СДСМ Зоран Заев, одржа прес-конференција на која соопшти дека коалицијата „Можеме“ има „убедлива и стабилна предност од над три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ“. Тој додаде дека постои можност за таа разлика да се зголеми за еден или...

ДИК обработи 93,96 проценти од податоците: Коалиција Можеме – 36,13, а опозициската Обнова – 34,65 отсто

Портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК), Адмир Шабани изјави дека се обработени 93,96 отсто од податоците по избирачките места. „Коалицијата Можеме освои 36,13 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 34,65 проценти, ДУИ 11,57 проценти, Алијанса на Албанците и коалицијата 8,79 проценти, Левица 3,96 проценти, ДПА 1,48 проценти,...

Тесна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, СДСМ победи во Кочани

Првичните неофицијални партиски резултати од предвремените парламентарни избори во источниот дел на земјава покажуваат тесна победа на коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Според актуелниот распоред на гласовите во Штип, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 10.122 гласови, СДСМ – 10.010, Левица – 1.204,...

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски прогласи победа на коалицијата „Можеме“

Генералниот секретар на Социјал-демократскиот сојуз и носител на листа во третата изборна единица, Љупчо Николовски прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на денешните предвремени парламентарни избори. „На 75 отсто обработени податоци од денешиот кристално чист и европски изборен ден, јасно е - победуваме и продолжуваме уште...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...