fbpx

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски прогласи победа на коалицијата „Можеме“

-

Генералниот секретар на Социјал-демократскиот сојуз и носител на листа во третата изборна единица, Љупчо Николовски прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на денешните предвремени парламентарни избори.

„На 75 отсто обработени податоци од денешиот кристално чист и европски изборен ден, јасно е – победуваме и продолжуваме уште подобро“, рече пред малку на прес-конференција Николовски.

– Победивме чисто, победивме европски. Граѓаните го казнија ВМРО-ДПМНЕ, затоа што сакаше да донесе опасност. Денеска се потврди поддршката на храбрите одуки што ги носеше Зоран Заев и коалицијата. ВМРО-ДПМНЕ во скапата бела палата ќе треба да си бара ново раководство. Коалицијата „Можеме“, во растечки тренд води со два мандати – рече тој.

Николовски информира дека коалицијата води во Битола со над 3.000 гласови, во Центар со над 4.100 гласови, во Крива Паланка над 2.500 гласови.

– Победивме и во Крушево, во Дебар, Долнени, Берово и во други општини каде што граѓаните ја упатија поддршката за нас – додаде тој.

Потсети дека во 2016 година, партијата ја врати слободата и критиката, нешта што, како што рече, пред тоа никој немал храброст да ги донесе.

– Имавме деструктивна кампања. Оваа држава беше заробена една цела деценија. Денес сме земја со концепт, модел за тоа како се решаваат проблемите – рече Николовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...