Infectious Diseases and Febrile Conditions Clinic in Skopje. Photo: Arbnora Mehmeti, Meta.mk

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19. Oд нив, 49 се во Скопје, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9 и Кичево -2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица, а починаа осум лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години. Во ОБ Прилеп починат е пациент на 60 години, во ОБ Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години“, информираат во министерството.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.623, бројката на оздравени пациенти е 4.603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.