Според првичните податоци на Државната изборна комисија, опозициската коалиција „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила најмногу гласови во Охрид во рамките на предвремените парламентарни избори кои се одржаа вчера во земјава.

Опозициската коалиција со 12.480 освоени гласови е пред Коалицијата Можеме на СДСМ, која во моментов има поддршка од 10.813 граѓани.

Според информациите од ДИК, ДУИ во моментов во Охрид има 1.545, Левица 1.240, Интегра 415, ГДУ 294, а Алијансата на Албанците 354 гласови.