Народна банка: Ковид-19 сè уште негативно влијае на економијата

-

Каматната стапка на благајничките записи од 1,5 проценти останува на исто ниво, одлучи Народната банка на редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија.

Генерално, ширењето на вирусот ковид-19 во глобални рамки и во домашната економија резултираше со негативни ефекти врз деловната активност и влијаеше поизразено врз довербата и очекувањата на фирмите и потрошувачите и во текот на вториот квартал.

„По забавувањето на растот на економијата во првиот квартал на оваа година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот април-мај упатуваат на понатамошни негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност продлабочување на падот на индустриското производство и на прометот во трговијата и угостителството, а по растот во првиот квартал, пад се забележува и кај градежништвото,“ велат од Народна банка.

Во однос на инфлациските движења, ценовните промени за вториот квартал се нешто повисоки од проекцијата за вториот квартал, но тие се движени од фактори на страната на понудата. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и променливост на цените на примарните производи, присутна е неизвесноста околу проекцијата на инфлацијата од 0 проценти за 2020 година.

 „Нивото на девизните резерви и натаму се одржува во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје се нешто подобри од очекувањата. Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за јуни покажуваат нивен солиден годишен раст, нешто повисок во однос на проекцијата за вториот квартал од годината,“ се додава во соопштението.

Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 и натаму се присутни, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија.

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...