Штип засега со четворица пратеници, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, по еден од СДСМ и Левица

-

По првичните неофицијални резултати од Општинската изборна комисија во Штип за вчерашното гласање на предвремените парламентарни избори, извесно е дека штипјани ќе ги претставуват двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од СДСМ и од Левица.

Сигурен влез во Собранието обезбедија Иван Јорданов, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и неговиот сопартиец, Никола Мицевски, кому ова ќе му биде трет мандат. Од СДСМ нов пратеник е кардиологот Сашко Николов, кој беше втор на листата на коалицијата „Можеме“, додека Тројката даде пратеник и од Левица – историчарот на уметност, Борислав Крмов, член на Президиумот на Левица, кој на Локалните избори 2017 година беше носител на советничката листа во Штип.

Партиските пресметки укажуваат на тоа дека Штип теоретски може да добие и петти пратеник, доколку СДСМ формира влада и ако дел од пратениците од листата од Тројката се откажат од мандатот и дванаесеттата на листата, штипјанката Емилија Рамбабова да се најде во Парламентот.

Штип во последниот пратенички состав го претставуваа само двајца пратеника, и двајцата од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Актуелниот градоначалник Благој Бочварски кратко беше пратеник од СДСМ, но со победата на Локалните избори во 2017 година, ја напушти пратеничката функција. На негово место дојде Славица Шуманска – Митева, пратеничка од Виница.

Според првичните резултати од претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК) Сенка Андреева, тесна е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Разликата е само 64 гласа, односно на вчерашните избори, СДСМ освои 10.077 гласа, наспроти 10.141 глас на ВМРО-ДПМНЕ. Трета е Левица со 1.257 гласа и едно пратеничко место и Граѓанско демократската унија (ГДУ) на штипјанецот Петар Колев, со 624 глас.
Останатите учесници во изборите имаат незначителен дел од изборниот „колач“.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...