fbpx

Регистрирани 171 нов случај на ковид-19, оздравени 409 и починати 26 лица

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на ковид-19 во: Скопје – 58, Куманово – 16, Битола и Радовиш – по 9, Виница – 8,...

Порталб: Усвојувањето на нови закони за легализација на дивоградбите нема да го реши проблемот

Усвојувањето нови закони за легализација на нелегалните објекти нема да го реши овој проблем ниту ќе го запре повторувањето на ова дело во иднина. Напротив, нема да промени ништо. Вака ги коментираше професорот Мирослав Грчев појавите на дивоградби и напорите на Владата да го...

Ковид кризата силно го погоди и такси превозот, лани повеќе од тројно намален бројот на патници

Пандемијата на ковид-19 што ја зафати земјава силно го погоди и такси превозот. Граѓаните помалку користат такси превоз за време на корона кризата, што се одрази и на бројките на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), лани во земјава биле...

Од утре јавниот превоз во Скопје ќе функционира без ограничувања, по вообичаениот возен ред

ЈСП-Скопје информира дека скопскиот јавен превоз од утре (12 мај) ќе сообраќа без временски ограничувања, по вообичаениот возен ред на градско-приградските линии што е достапен на веб-страницата на ЈСП. Воедно, од Јавното сообраќајно претпријатие соопштуваат дека сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено. „Посочениот...

Утре ќе нема полициски час, од задутре забраната за движење ќе трае од полноќ до 4 часот наутро, одлучи владата

Владата на РСМ на денешната седница одлучи од 13 мај (четврток) полицискиот час во земјава да трае од полноќ до 4 часот наутро. Согласно претходното донесената одлука, ноќта меѓу 12 и 13 мај ќе нема забрана за движење на населението, за време на празникот...

Неделен извештај на ИЈЗ: Намалување од 37,2 отсто на нови случаи, како и од 37,1 отсто на починати од ковид

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 3 до 9 мај 2021 година тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4 отсто во...

Противниците на дигиталните учебници во сабота на протест, бојкотот на наставата во мирување

Од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска од пред Министерството за образование и наука го најавија протестниот марш што ќе се одржи на 15 мај (сабота) во Скопје, паралелно со најавените протести во неколку градови низ земјава. Тие велат дека бојкотот...

Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти

По падот на домашниот бруто-производ од 4,5 проценти минатата година, Народна банка оваа година предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9 проценти, односно проекцијата за растот останува непроменета во однос на октомври. „На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, со стапки на раст од 3,9...

Генерал Стефан Јанев ќе ја предводи техничката влада на Бугарија, дипломатот од кариера Светлан Стоев на местото на Захариева

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска за премиер на новата техничка влада го назначи генералот Стефан Јанев. На местото министер за надворешни работи, што досега го пополнуваше Екатерина Захариева, ќе настапи дипломатот од кариера Светлан Стоев. Радев ја назначи техничката влада по трите неуспеха на...

Четири хеликоптери од руско производство на АРМ и МВР ќе се модернизираат во Чешка

Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска е во официјална посета на Скопје, како прв министер за одбрана од земја-членка на НАТО што претстојува во македонскиот главен град по нашето зачленување во Алијансата. Заедно со министерот за одбрана Радмила Шекеринска и министерот...

Македонско воено лице суспектно на јужноафриканскиот сој, од Африка вечерва ќе биде префрлено во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја потврди информацијата дека доцна вечерва македонско воено лице, потполковник на Армијата на РСМ којшто учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, ќе биде донесен на лекување од оваа африканска земја на Инфективната клиника во Скопје. Станува збор за воено...

Низ болниците во земјава се лекуваат 701 пациент од ковид-19, има околу 1.000 слободни кревети

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни на корона вирусот или под сомнеж за заразеност со него кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1.000 празни болнички кревети во...

Вистиномер: Лагите дека ковид и вакцините се измама – сè уште актуелни

Објава на Фејсбук на македонски јазик шири дезинформации околу ковид-19 без никакви докази. Освен ова или паралелно со ова, шири и антиваксерство, повикувајќи ги луѓето да не се вакцинираат, пишува „Вистиномер“ во анализа, што подолу ја пренесуваме во целост. Во објавата во која се мешаат...

Граѓански организации иницираа платформа за превенција од радикализација помеѓу младите

Неколку граѓански организации иницираат создавање платформа каде што преку едукација на младите ќе се работи на превенција од појава на радикализација. Оваа активност е главна цел на тригодишниот проект „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација - (Младите против насилство)”, предводен...

МОН: Целта на реформите е да се обезбеди образование по светски стандарди

По најавите за протести низ земјава кои дојдоа од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, од Министерството за образование и наука (МОН) одговорија дека јавно и транспарентно одговориле на барањата кои оваа група ги доставила минатата недела како услови за повлекување од...

Вчера вакцина примиле 14.033 граѓани, со една доза вкупно вакцинирани 121.181

Во текот на вчерашниот ден прва доза вакцина примиле 13.076, а вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Во државата вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини, од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а ревакцинирани се 23.862 граѓани, велат од...

ЕБОР со еден милион евра кредит, продолжува со поддршката на малите и средни претпријатија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува со поддршката од Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија обезбедувајќи кредит во износ од еден милион евра за Шпаркасе Лизинг доо Скопје, за натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП). „МСП ќе можат да аплицираат...

САД ја одобрија за користење вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за млади од 12 до 15 години

По Канада, и САД ја одобрија за користење вакцината против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“ за младите на возраст од 12 до 15 години, пренесува „Гардијан“. Американската агенција за лекови (ФДА) ја издаде неопходната дозвола, со што младите лица кои имаат над 12 години ќе можат...

По бојкотот на наставата, сега се најавуваат протести низ земјава против дигиталните учебници

Од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска најавија организирање на протести низ земјава, како и „Мирен марш“ во Скопје откако до крајот на денешниов ден, тие не добиле официјален одговор од Министерството за образование и наука (МОН) по однос на нивните...

Во „Казандол“ не е складирана сулфурна киселина и нема опасности за населението и околината, констатира Државниот инспекторат

Рудникот “Казандол” во моментов не претставува опасност за животната средина и населението, а резервоарите за складирање сулфурна киселина се празни, констатирале инспектори на Државниот инспекторат за животна средина по надзорот кој бил направен во рудникот и околината минатата недела. За време на увидот на...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...