Фото: Архива на Мета

Усвојувањето нови закони за легализација на нелегалните објекти нема да го реши овој проблем ниту ќе го запре повторувањето на ова дело во иднина. Напротив, нема да промени ништо. Вака ги коментираше професорот Мирослав Грчев појавите на дивоградби и напорите на Владата да го реши проблемот, пишува Порталб.мк.

Грчев, иницијативата за усвојување на нов закон за легализација, ја нарече голема грешка.

„Бидејќи, суштината на таков закон, кој всушност е закон за амнестија, само во областа на градежништвото, а суштината би требало да биде тоа да е конечен, за да регулира една ситуација која беше масовно нерегулирана и во која учествуваше целото општество, да забрани легализација и воспоставување на владеење на правото. Логично е тоа да се случи само еднаш, по големи општествени промени, војни или други социјални катастрофи, и после тоа никогаш повеќе да не дојдеме во ситуација дивата градба да се смета нешто нормално. Имаме закони кои се на сила, законот за градење, законот за урбанистичко планирање, законот за градежно земјиште, за катастар, кои ги регулираат проблемите со легалната градба и затоа донесувањето нов закон значи целосно и трајно укинување на законите за планирање и изградба. Донесувањето втор закон значи дека секој што има намера да продолжи да гради илегално, ќе го стори тоа додека чека на третиот закон. Тоа е страшна историска грешка и воспоставување на беззаконие и криминал како нормалност и законитост во земјата“, рече Грчев.

Според него, високиот процент на дивоградби се производ на погрешно законодавство, погрешна примена на закони, измислување на постапки кои понатаму се претставуваат како дивоградби.

„Најголемиот број од сите постапки, за кои се бара закон за легализација на дивоградби, се практично легални градби кои според различни формални основи и најчесто поради лошо функционирање на државните органи, заради грешки во катастарот, грешки во катастарскиот план, проблематичните процедури каде што луѓето што сакаат да градат или граделе па се блокирани во постапката, а органите со неактивност, со погрешни дејствија ги прават на вештачки начин дивоградби. Така, реалните проблеми на терен, тие кои заслужуваат да бидат легализирани може да се легализираат дури и со преодни одредби во законот за градба, каде што се води посебна сметка, за прецизно откривање на проблемите што заслужуваат да бидат легализирани“, изјави тој.

Професорот Грчев рече дека суштината на сите закони за легализација е тие да бидат еднострани и терминални и дека е дозволено да се прави само еден закон за легализација.

„Наша несреќа е што овој закон беше целосно неуставен, сé во неговиот текст, додека истовремено државните органи, во многу случаи, го злоупотребија како маша за да помине со негово посредство нивната неправилна работа, неспособност и корупција. Така, усвојувањето на новиот закон или продолжувањето на стариот не е решение, туку само создава услови за бесконечно владеење на беззаконието, корупцијата и криминалот во државата, а тој нема да ги реши проблемите, бидејќи не го решава ниту претходниот, туку само ќе ги создаде. Ако законот за легализација беше решение, немаше да има потреба од втор закон или продолжување“, рече тој.

Министерството за транспорт и врски до Собранието достави два закона за легализација, едниот е измена на стариот закон со кој се бара да се продолжи рокот за легализација за пет години и според него општините да работат дополнително пет години во предметите добиени досега за легализација. Според стариот закон, граѓаните нема да можат да поднесуваат нови апликации, но оние што се поднесени досега, ќе можат да работат на нив.

Додека со новиот закон за легализација што е исто така во Собрание, се предлага да не може да се легализираат згради, надградби и проширени градби на згради, како и сите објекти во заштитеното подрачје според УНЕСКО. Тој закон има повисока цена за 50 проценти од вредноста на општинските услуги.

Целиот процес за легализација започна во 2011 година, кога тогашната Влада донесе Закон за легализација на дивоградбите. Рокот за легализација во изминатите години беше продолжен неколку пати и се стекнаа нови можности за легализација на објектите. Досега се легализирани 260.000 објекти.

Според новиот Закон за легализација на објекти без дозвола, целта е да се решат клучните и главните инфраструктурни прашања со далекуводи, гасоводи, водоснабдување, проекти, државни и општински објекти кои се изградени претходно со државни процедури, но денес тие не се регистрирани во имотните листи. Со новиот предлог-закон, нема да може да се легализираат големите станбени објекти, со цел да се спречи уништување на урбаното живеење и просторот во државата.