Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 3 до 9 мај 2021 година тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4 отсто во однос на минатата недела. Минатата недела регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, со намалување од 37,2 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37 отсто), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница, информираат од Министерството за здравство.

Процентот на позитивност се движи од 2,5 отсто до 12,2 отсто, просечно 7,5 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4 отсто), 50-59 (n=208; 16 отсто), 30-39 (n=176; 13,5 отсто) и 20-29 (n=106; 8,1 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2 отсто) и 10-19 години (n=53; 4,1 отсто). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1 отсто).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2 отсто во споредба со минатата недела.

Во изминатата недела пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, односно за 37,1 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста на починатите лица, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.