Фото: Архива на „Мета.мк“

ЈСП-Скопје информира дека скопскиот јавен превоз од утре (12 мај) ќе сообраќа без временски ограничувања, по вообичаениот возен ред на градско-приградските линии што е достапен на веб-страницата на ЈСП.

Воедно, од Јавното сообраќајно претпријатие соопштуваат дека сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено.

„Посочениот режим е согласно денешната одлука на Влада на РСМ, од 12 мај забраната за движење на населението да почнува од полноќ до 4 часот наутро, наредниот ден“, се наведува во соопштението на ЈСП-Скопје.