fbpx

Ковид кризата силно го погоди и такси превозот, лани повеќе од тројно намален бројот на патници

-

Пандемијата на ковид-19 што ја зафати земјава силно го погоди и такси превозот. Граѓаните помалку користат такси превоз за време на корона кризата, што се одрази и на бројките на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), лани во земјава биле превезени 11.083.000 патници. Односно, таксистите од целата земја превезле 10.404.000 патници во градскиот превоз, додека такси превозот во меѓуградскиот превоз го користеле 679.000 патници.

„Со 1.860 патнички автомобили опфатени во истражувањето, се изминати вкупно 51.365.000 километри, од кои 45.554.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 5.811.000 километри. Податоците за такси-превозот се добиени од 241 извештајна единица“, се вели во Извештајот на ДЗС за 2020 година.

Статистичките податоци покажуваат дека во периодот на пандемијата лани повеќе од тројно бил намален бројот на патници. Колку за споредба, во 2019 година такси превозот го користеле 39.072.000 патници, од кои 33.970.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 5.102.000 патници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...