fbpx

Битолчани гледаат шанса за вработување и во неформалното образование

Триесет и пет  битолчани на возраст од 18 до 26 години ќе собираат искуства и знаења во првата школа за лидерство и за јавни политики во „Политеа“ - Битола. Младите се надеваат дека на овој начин ќе имаат нови можности во потрага по работа....

Граѓанскиот сектор бара поголема транспарентност во јавните набавки

Општина Штип не успеала да реализира ниту половина од планираните јавни набавки, а најниската цена како главен критериум за доделување договори, се јавува како проблем што ја усложнува реализацијата на набавката, се дел од забелешките од набљудувањето на јавни набавки што го спроведе невладината организација...

Корупцијата во четири очи тешко се докажува

Тешко е да се докаже корупцијата во јавните набавки во Македонија, корупцијата на локално ново е недоволно истражена, а, во исто време, и јавната доверба во институциите надлежни за справување со корупција е ниска, покажа истражувањето на Ана Стојиловска, истражувач од „Аналитика“, автор на трудот...

Млад кичевец избодел свој сограѓанин

Полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А. (22) од овој град, поради постоење основи за сомневање за обид за убиство. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово, соопшти портпаролот на...

Иницијатива за Штип да добие театар за деца

Иницијативата за основање театар за деца, потпишана од претседателот на Советот, Влатко Миташев, денеска ја доби поддршката на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип. Со тоа, оваа иницијатива ја почна процедурата кон формирање нова општинска институција. Во предлогот, Миташев потсетува на долгата театарска...

Дождот ја прекина есенската сеидба во Пелагонија

Поројните дождови ја прекинаа есенската сеидба во одредени делови на Пелагонија. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола велат дека деветиот канал се излеал и водата направила проблеми на посевите. –Под вода се од 40 до 50 хектари плодно земјиште, така што не...

Вклучено електричното напојување во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид

По една седмица, од претпладнево, наставата во основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид се одвива според редовниот план и програма. Општина Охрид, по одлуката од вонредна седница на Општинскиот совет, ја изврши исплатата на долгот во висина од 813.439 денари, по што екипите на...

Регионален семинар за ветеринарни препарати во Охрид

Најмалку 60 проценти од човечките патогени заболувања се пренесуваат од луѓето на животните и обратно, истакна регионалниот претставник на Светската организација за здравствена заштита на животните, Никола Белев, на Регионалниот семинар за националните контакт-точки за ветеринарните препарати, што од денеска до 20 ноември се одржува...

Ротаријанците собраа повеќе од 40.000 евра за детското болничко одделение

Членовите на клубот „Ротари“ - Охрид, реализираа проект „Медицинска опрема за детското одделение при Општата болница во Охрид“, во вредност од 40.245 евра. Поддршката пристигнала од Фондацијата „Ротари“ на клубовите „Ротари интернешнл“ од Италија, Шведска и од Србија. Ова е првпат клубот „Ротари“ - Охрид да спроведува проект кој...

Караџаферис под истрага за корупциски скандал

Лидерот на ултра-десничарската ЛАОС, Јоргос Караџаферис, е под истрага за можна вмешаност во скандал со перење пари преку офшор-компанија. Како што објави грчкиот весник „То вима“, на сметката на офшор-компанијата „Каталина лтд“, која Караџаферис ја пријавил како негова во 1990-тите во пратеничкиот имотен образец,...

Deputeti Goran Mileski kërkojë dorëheqjen e drejtorit te spitalit të Manastirit.

Nënkryetari i PLD-së dhe deputeti, Goran Mileski, kërkuan dorëheqjen e drejtorit të spitalit të Manastirit, Vasil Najdovskit. Milevski konsideron se drejtor i spitalit është përpjekur të fsheh te vërtetën për mungesë të reagensave për hulumtim të gjëndrës tiroide, dhe fajin...

Загина човек во сообраќајка на патот Радовиш – Штип

Во тешка сообраќајка, претпладнето пред 9 часот, загина човек на патот Радовиш – Штип во месноста Шести километар, а друг се бори за живот. Полицијата ја потврдува несреќата, но детали најавува за подоцна. Единствено е познато дека жртвата е совозач во возило марка „форд ескорд“...

Виолета Сековска со поетско-музички перформанс во Корча

Македонската поетеса Виолета Сековска, пред поголем број Македонци од регионот на Корча и на Мала Преспа, се претстави со својот поетско-музички перформанс „Со љубов за Македонија“. Настанот го организираше Македонскиот културен центар „Сонце“ од Корча, во градската библиотека „Тими Митко“ од овој албански град. Присутни...

Со претстава одбележана 70-годишнината на Битолскиот народен театар

„Генерациите си одaт, нови актери доаѓаат, но театарот останува“, ова накусо беше главната порака што екипата на Битолскиот народен театар ја испрати на 70-годишнината од своето постоење. Во преполната сала на Центарот за култура во Битола, публиката синоќа уживаше во од душа направената театарска претстава...

Штипскиот театар со нова премиера

Десет приказни од Марко Цепенков го сочинуваат текстот на претставата „Лулка“, што во режија на Андреј Цветановски, премиерно ќе биде изведена в сабота, во националната установа „Ацо Шопов“ во Штип. Режисерот Цветановски вели дека десетте приказни ја носат народната мудрост, која треба да ја знае...

Мајката на мртвото дете во Штип не верува дека тоа само заталкало

Тригодишниот Чинар Сулејманов бил пронајден мртов во близина на викенд-населбата Суитлак во Штип, потврди полицијата. Детето е најдено на еден километар од куќата кадешто живее семејството Сулејманови. Сината јакна што ја носел Чинар била првото нешто што го здогледал неговиот татко. - Одиме нагоре и прво...

Исчезнатото тригодишно дете од Штип пронајдено мртво

Тригодишниот Чинар Сулејманов, кој исчезна пред два дена, изутринава бил пронајден мртов во близина на викенд-населбата Суитлак во Штип, потврдија од полицијата. Детето е најдено на еден километар од куќата каде живее семејството Сулејманови. За причините за смртта засега не може да се зборува. Луѓето кои беа...

Судот во Хаг ќе одлучува за сопственоста на Јени џамија во Битола

ИВЗ ќе бара од меѓународниот суд во Хаг да пресуди за сопственоста на Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола. ИВЗ ја тужи државата Република Македонија за да си го врати во владение овој верски објект. Заводот и музеј Битола,...

Хигиеничарка од градинка во Блатец заболена од менингит, три деца на антибиотска терапија

54-годишна хигиеничарка од детската градинка во виничко Блатец заболела од тешка форма на заразен менингит. По земањето примероци, кај три од вкупно 13 деца што престојуваат во градинката е утврдено присуство на предизвикувачот на болеста. - Заболената жена е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести во...

Концерт на Ана Гацева и на Татјана Џорлева во Штип

Вечерва во 19 часот, во Музичката академија во Штип, концерт ќе одржат пијанистките Татјана Џорлева, професор по пијано на штипската Музичката академија, и Ана Гацева, професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. На концертот ќе бидат изведени композиции од Антонин Дворжак...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...