fbpx

Регионален семинар за ветеринарни препарати во Охрид

-

Најмалку 60 проценти од човечките патогени заболувања се пренесуваат од луѓето на животните и обратно, истакна регионалниот претставник на Светската организација за здравствена заштита на животните, Никола Белев, на Регионалниот семинар за националните контакт-точки за ветеринарните препарати, што од денеска до 20 ноември се одржува во Охрид.

– Болестите, како африканската чума, чумата, синиот јазик, шапот, лигавката, туберкулозата, бруцелозата, се пренесуваат од животните на луѓето и обратно. Токму со тоа се занимаваме затоа што се страшни болести. На пример, беснилото кај животните е прашање за кое треба да се најде решение, односно вакцина и биопрепарати што ќе дејствуваат болеста да не се пренесува на луѓето. Од африканската чума угинаа илјадници животни. Затоа сме овде, да расправаме и да договараме како да се избориме со ваквите болести -истакна Белев.

Во организацијата на собирот е вклучена и Агенцијата за храна и ветеринарна заштита на Република Македонија.

Директорот на Агенцијата, Зоран Поповски, сопшти дека македонското законодавство во однос на ветеринарно-медицинските препарати е целосно усогласено со европската легислатива.

– Со таа цел и го организиравме собирот во Охрид, како придонес во унапредувањето на политиките и законодавството во однос на самите ветеринарно-медицински препарати. Со адекватна примена, би се подобрило здравјето на самите животни и со тоа и на луѓето, кои се консументи на производи од животинско потекло – рече Поповски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...