fbpx

Судот во Хаг ќе одлучува за сопственоста на Јени џамија во Битола

-

ИВЗ ќе бара од меѓународниот суд во Хаг да пресуди за сопственоста на Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола.

ИВЗ ја тужи државата Република Македонија за да си го врати во владение овој верски објект. Заводот и музеј Битола, пак, најави дека џамијата за многу кратко време ќе стане музеј со галериски простор.

Битолското муфтивство тврди дека има решение од 1960 година во кое стои дека објектот, кој една година пред тоа бил национализиран, ѝ се враќа на ИВЗ. Но, тоа враќање, според нив, е само де јуре, а не и де факто, бидејќи државата до денес не ѝ дозволила пристап на ИВЗ во овој верски објект.

Битолскиот муфтија Плуми Велиу вели дека спорот за враќање на Јени џамија на ИВЗ е почнат во 1998 година во македонските судови, по 10 години предметот оди во Стразбур, за сега за него да одлучува судот во Хаг.

– Во Македонија сите судови, од основните, па сè до Врховниот суд одлучуваат без докази, своеволно, од политички, национални или, ако сакате, фашистички побуди. По 10 години голгота низ македонските судови, отидовме во Стразбур, но таму веќе шест години доцнат со пресудата. Затоа одлучивме предметот да го доставиме во судот во Хаг. Се надеваме дека вистината чија е џамијата ќе излезе на виделина – вели битолскиот муфтија Плуми Велиу.

Според него, ИВЗ има документ или „вакуф нама“ од градителот ефенди кадија Махмед, дека џамијата ја подарува на муслиманските верници.

Ископувања во изминатите години во Јени џамија потврдија дека таму се наоѓаат темели од раносредновековна црква и дека под објектот се пронајдени ѕидови од три цркви, а најстара се смета дека е „Свети Ѓорги“.

Муфтија Велиу на ова вели дека ископувањата не се археолошки туку само копања, кои ја нарушија статиката на џамијата.

– Во Битола нема археолози и до ден-денес со ниту една потврда не е докажано дека се тоа темели на црква, значи со материјалени докази, туку тоа се претпоставки по теркот на Марко Цепенков. Бидејќи врз основа на сите документи, ниту една црква не е срушена од Османлиите во Македонија освен црквата „Св.Софија“ во Охрид која беше претворена во џамија, а не и срушена – вели Валиу.

Идејата на битолскиот Завод и музеј е да се адаптира Јени џамија во градски споменик на христијанската и на исламската историја, религија и култура по примерот на „Аја Софија“ во Истанбул. Во иднина планирано е подовите да бидат застаклени и да може да се видат наодите од истражувањата под објектот.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...