fbpx

Груевски, добитник на највисокото признание на Штип, „Свети Никола“

Највисокото признание на празникот на Штип, „Свети Никола“, ќе биде доделено на премиерот Никола Груевски. Ова го соопшти градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, на денешната седница на Советот, кој образложи дека одренот се доделува на „високи личности, заслужни за градот“. -Кога ќе тргнете од Штип...

Кривична пријава за пензионирана државна советничка

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против 65-годишната Ф.З.Ш. од охридското село Велгошти, поради постоење основано сомневање дека несовесно работела во службата. Пријавената, во својство на службено лице, советник за првостепена управна постапка во Одделението за првостепена управна постапка во Охрид, при Управата за имотно правни работи на Министерството...

Секретарот на Општината тужи советник во Охрид!

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, го тужи за навреда и за клевета членот на Градскиот совет Дејан Блажески, кој е и претседател на општинската организација на ЛДП, но и член на највисокото партиско раководство во Скопје. Советникот Блажески, преку советничко прашање на седница на...

Донирана медицинска опрема во Струга

Струга е еден од петте градови во Македонија со донација од софистицирана медицинска опрема, наменета за детските здравствени установи. Апаратите се наменети за Општата болница во Струга, што е дополнителна поволност за најмладите бидејќи отсега не мора да патуваат за Скопје, како досега, за да го...

Душко Илиевски не се согласува со отштетата од 6.500 евра

Фармерите Душко, Цане и Томе Илиевски од Битола добија 6.500 евра отштета за душевна болка за  12 дена поминати во притвор, пред четири години. Тие беа осомничени дека во нивата со компири одгледуваат марихуана. Вештачењето покажа дека во нивната нива, во индустрискиот дел на Битола,...

Крадел по домови – трошел по казина

Дваесетгодишниот В.Ш. од струшкото село Делогожда, заработи кривична пријавa поради постоење основи за сомневање дека сторил осум кривични дела, кражба и тешка кражба. Полицијата го товари дека од мај до ноември оваа година, извршил две кражби и шест тешки кражби, при што стекнал противправна имотна...

Перспективите на Општина Дебрца, македонскиот Неум

Општина Дебарца, според територијата (425, 39 километри квадратни) е една од поголемите во земјата. На исток почнува од превојот Пресека, се граничи со Кичево. На југоисток се граничи со Демир Хисар, на северозапад со Струга, додека на запад со општина Охрид. Со еден мал...

„Каренина мејд ин Маседонија“, нова премиера на БНТ

Битолскиот народен театар ја подготвува новата премиера „Каренина мејд ин Маседонија„ (Каренина made in Macedonia) според драмскиот текст „Прогледување“ на Венко Андоновски. Претставата ја режира Дејан Пројковски, а е работена според мотиви од романот „Ана Каренина“. Всушност, во претставата се преплетуваат приказните за македонската Ана Каренина, за мажите иза...

Албански државјанин снабдувал наркозависници во Кичево

Полициската станица од Кичево, поднела кривична пријава против на Д.Б. (22) од Елбасан, Република Албанија, кој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори. Според полициските информации, на 19 овој месец, при претрес во куќа на улицата...

Манасиески – големо уметничко име на светската ликовна мапа

Познатиот ликовен уметник Јордан Манасиески, кој живее и создава во Охрид, сè повеќе ја зацврстува својата позиција на големо уметничко име на светската ликовна мапа. Најновото признание за него пристигна од Кембриџ, светскиот храм на знаењата и на постигнувањата, од каде му е испратен...

Македонците од Мала Преспа ја организираа традиционалната македонска вечер во Канада

Македонците со потекло од Мала Преспа, кои живеат во Канада и во Америка, по шести пат, во Мисисага, Канада, ја одржаа традиционалната Македонска ноемвриска вечер. Манифестацијата ја организираат по повод православниот празник Св.Архангел Михаил. Владимир Терпо, македонски иселеник од Мала Преспа, кој живее во Канада,...

Штипските студенти маршираат против екстерното

Со извиците „Не за екстерното“, засилени со свирчиња, маршираа студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Повеќе од стотина студенти тргнаа од плоштадот Слобода и наместо најавената маршрута кон Ректоратот во Ново Село, се упатија во спротивен правец, кон Економски факултет. Кога стигнаа таму, студентите...

Туристите од Албанија ги заменија Грците на Пелистер

Последниве години, откако гостите од Грција го загубија интересот да се одмораат на Пелистер, сè помасовни се посетите на туристи од соседна Албанија. И оваа година, Албанците веќе го пикирале хотелот „Молика“ за прослава на католички Божик и за Василица, Стара нова година. - Веќе...

Повреден рудар во Добрево

37 – годишен рудар синоќа завршил со телесни повреди додека работел во рудникот на „Индоминерали и метали“ во Добрево. СВР Штип ја потврди несреќата, која кај нив ја пријавиле од Здравствениот дом од Пробиштип. Оттаму рударот, со иницијали Б.В. од селото Ратавица, бил пренесен...

Локалната власт не се откажува од идејата за пристаниште во Студенчишко блато

Локалната власт во Охрид, и покрај отпорот на поголемиот дел од пошироката јавноста и жестоките критики на стручњаците, не се откажува од идејата за изградба на пристаниште во Студенчишкото блато. Паралелно со замисленото пристаниште, треба да се гради и нова современа плажа, на потегот меѓу Студенчишкиот...

Тркалезна маса: Заштита на правата на граѓаните во постапките на извршување

Во хотелот „Метропол“ во Охрид, денеска и утре, во организација на Народниот правобранител на Република Македонија, а во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија, се одржува тркалезна маса на тема: „Заштита на уставните и на законските права на граѓаните во постапките на извршување...

Денеска студентски протест во Штип

„Да излеземе масовно и да го искажеме нашето незадоволство кон најновиот предлог-закон на Владата, воведување екстерно тестирање во високото образование“. Ова е повикот од фејсбук-групата од повеќе од 15.000 студенти, кои студираат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Студентите ќе се соберат напладне на плоштадот...

Хуманитарен турнир во мал фудбал за помош на Евица Бојаџиева

Хуманитарен турнир во мал фудбал се одржа денеска во Штип, на кој учесниците донираа средства за помош на лекарката Евица Бојаџиева, која боледува од рак. Организар на турнирот, на кој учествуваа дваесетина екипи, беше музичарот и спортски работник од Штип, Мирче Кикиритков. Со парите што досега...

Општина Охрид: Имаме целосна доверба во органите на прогонот

Истовремено, трибината ќе биде искористена за анализа на состојбите во Охрид
Од локалната самоуправа во Охрид, преку соопштение, денешната прес-конференција на претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, ја оценуваат како обид „преку изнесување небулози во негов стил, да се оправда пред охриѓани за злоделата што му ги направи на Охрид“. „Фактите кажуваат, а и охриѓани...

Во приведувањето на Петрески, од СДСМ гледаат политички прогон и монтиран судски процес

Во врска со приведувањето на поранешниот градоначалник на Општина Охрид, Александар Петрески, член на највисокиоот партиски орган – ЦО на СДСМ, попладнево, со прес-конференција, се огласи општинското раководство на партијата. Пораките ги испорача претседателот на локалниот разгранок и пратеник во оставка, Томислав Тунтев, кој упати...

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...