Општина Охрид: Имаме целосна доверба во органите на прогонот

-

Од локалната самоуправа во Охрид, преку соопштение, денешната прес-конференција на претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, ја оценуваат како обид „преку изнесување небулози во негов стил, да се оправда пред охриѓани за злоделата што му ги направи на Охрид“.

„Фактите кажуваат, а и охриѓани знаат дека во периодот кога Вие бевте заменик-градоначалник на општина Охрид, таа и јавните претпријатија се стекнаа со долг поголем од 50 милиони евра, долг кој не го памети поновата историја на Европа за толку мал град како што е Охрид“, се вели во соопштението.

Од локалната самоуправа порачуваат дека актуелната локална власт не само што не доживеала фијаско, туку и со таква катастрофална финансиска состојба во која ја остави претходната, успеа за само една и пол година да реализира стотина проекти во делот на нови улици, тротоари, атмосферска канализација, фекална канализација.

„Отворивме нови градинки, успеавме да реконструираме школи и градинки. Градиме и реконструираме игралишта. Градиме и уредуваме плоштади секаде каде што е тоа потребно. Охрид многу наскоро ќе го добие најсовременото игралиште за фудбал на вештачка трева. Во тек се уште многу проекти“, потсетуваат од локалната самоуправа.
Од Општина Охрид напоменуваат дека имаат целосна доверба во органите кои се надлежни за разоткривање на евентуални криминални дејства на поранешни функционери во Општина Охрид и се оградуваат од секаков коментар додека трае постапката.

Претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, кој е и пратеник во оставка, а извршуваше и функција заменик-градоначалник, денеска од прес-конференција, приведувањето на ексградоначалникот Александар Петрески го окфалификува како политички прогон и судска фарса.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...