fbpx

„Каренина мејд ин Маседонија“, нова премиера на БНТ

-

Битолскиот народен театар ја подготвува новата премиера „Каренина мејд ин Маседонија„ (Каренина made in Macedonia) според драмскиот текст „Прогледување“ на Венко Андоновски. Претставата ја режира Дејан Пројковски, а е работена според мотиви од романот „Ана Каренина“. Всушност, во претставата се преплетуваат приказните за македонската Ана Каренина, за мажите иза  љубовта, за љубовните триаголници, за осудата на општеството…

Претставата премиерно ќе биде прикажана в недела, во 19.30 часот, на сцената на БНТ. Оваа претстава е поддржана од Министерството за култура, исто како и претходните четири премиери на БНТ за оваа година.

Во главната улога во новата премиера игра младата, но профилирана актерка Илина Чоревска. На сцената заедно со неа ќе бидат и Катерина Аневска, Соња Михајлова, Борис Чоревски и Огнен Дранговски. Костимографијата ја изработи Благој Мицевски, сценографијата е на Валентин Светозарев, а музиката на Горан Трајковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...