fbpx

Денеска студентски протест во Штип

-

„Да излеземе масовно и да го искажеме нашето незадоволство кон најновиот предлог-закон на Владата, воведување екстерно тестирање во високото образование“. Ова е повикот од фејсбук-групата од повеќе од 15.000 студенти, кои студираат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Студентите ќе се соберат напладне на плоштадот „Слобода“, по што ќе продолжат до зградата на Ректоратот, која се наоѓа во Ново Село.

Организаторите, кои се идентификуваат преку фејсбук-групата, ги повикаа студентите маршот да помине во најдобар ред, со себе да си земат свирки и по можност да си испишат пароли на кои ќе искажат незадоволство од најавенето воведување екстерно тестирање.

На еден ден пред протестот, претседателот на организацијата „Студентски парламент“, Горан Стаменков, во изјава за телевизијата „Канал 5“ рече дека студентите се изманипулирани бидејќи не станува збор за екстерно тестирање, туку за државен испит со кој ќе се докаже нивниот квалитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...