fbpx

Мајката на мртвото дете во Штип не верува дека тоа само заталкало

-

Тригодишниот Чинар Сулејманов бил пронајден мртов во близина на викенд-населбата Суитлак во Штип, потврди полицијата.

Детето е најдено на еден километар од куќата кадешто живее семејството Сулејманови. Сината јакна што ја носел Чинар била првото нешто што го здогледал неговиот татко.

– Одиме нагоре и прво ја видов јакната. Потоа го видов и детето. Откога го видов, повеќе не знаев каде сум – вели Амди Сулејманов.

Три дена роднините и полицијата трагаа по исчезнатото дете. Пронајдено е денеска претпладне, на непристапен терен во реонот на Шардаван-баши, сведочат роднините.

Мајката на детето, Бајрамиша Сулејманова, не верува дека детето само заталкало.

– Детето некој ми го земал од дома. Многу е мало за само да заталка. Ми беше најмирното дете – изјави Сулејманова.

Од полицијата засега нема информации за причините за смртта на детето, а повеќе информации се очекуваат по обукцијата на телото.

Луѓето што беа на местото кадешто е најдено детето, кажуваат две верзии – дека веројатно заталкало на пат кон дома и прегладнето по студената ноќ починало, додека втората верзија е дека било нападнато од животно.

Мајката, која го пријави исчезнувањето на детото во полицијата, изјавила дека последен пат било видено завчера околу 16.30 часот, кога малиот заминал кај неговиот дедо.

Тригодишниот Чинар често бил гледан како со други деца пита низ центарот на градот.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...