fbpx

Вклучено електричното напојување во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид

-

По една седмица, од претпладнево, наставата во основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид се одвива според редовниот план и програма. Општина Охрид, по одлуката од вонредна седница на Општинскиот совет, ја изврши исплатата на долгот во висина од 813.439 денари, по што екипите на ЕВН повторно го вклучија училиштето во системот за електрично напојување.

Директорката на „Григор Прличев“, Силвија Мојсовска, информираше дека наставата се одвива нормално. Смените почнуваат од 8 и од 14 часот, а часовите нема да бидат скратени зашто ќе има осветлување и греење.

Изминатите работни денови, учениците посетуваа настава од 8 до 11.30 часот, а часовите им траеја по 15-тина минути. Во централното градско училиште и во подрачното училиште во Рача, настава следат 1.100 ученици.
Ова училиште нема можност да ги плаќа долговите затоа што му е блокирана жиро-сметката. Причината е имотно-правен спор кој се води повеќе од две децении. Заради експропријација на земјиште од околу 420 квадратни метри, донесена е судска пресуда, училиштето да им исплати на тројца доверители одреден надоместок кој надминува 100.000 евра.

Од минатиот вторник, заради неплатениот долг во висина од осум милиони денари, од системот за електрично напојување е исклучено и ЈПСРЦ „Билјанини извори“. Раководството на претпријатието испратило писмен допис до управниот одбор на „ЕВН – Македонија“ со предлог како да се надмине оваа состојба.

Претходно ЕВН ја вклучи струјата, но само за време на одржувањето на Саемот за вработување минатиот петокот, по барање на организаторот – Агенцијата за вработување. По завршувањето на настанот, електричното напојување повторно беше прекинато.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...