fbpx

Загина човек во сообраќајка на патот Радовиш – Штип

-

Во тешка сообраќајка, претпладнето пред 9 часот, загина човек на патот Радовиш – Штип во месноста Шести километар, а друг се бори за живот. Полицијата ја потврдува несреќата, но детали најавува за подоцна.

Единствено е познато дека жртвата е совозач во возило марка „форд ескорд“ со радовишки регистерски таблички, кое се забило во дрво покрај патот.

Во штипската болница е донесен возачот со тешки повреди, кој, според првичните информации, е пронајден во провалија до местото на несреќата, исфрлен од возилото.
Повеќе информации очекуваме подоцна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...