fbpx

Советот на Благоевград донесе декларација против отворањето на Македонскиот културен клуб

На седницата на Советот на општина Благоевград на 7 октомври, со 25 гласа „за“, ниту еден „против“ и четиримина воздржани - а 12 советници отсутни - е изгласана декларација и донесено решение (страници 3,4 и 5) со кое отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола...

Дезинформација е дека е уништена американска војска во Украина

Насловот на текстот споделен во постот е невистинит. САД нема пратено војска да се бори во Украина. Наспроти содржината на текстот во која се зборува за починат доброволец од Америка, насловот сугерира за официјално постоење на американска војска во Украина, што е манипулација. На...

Возачите ја чекаат платата најдоцна до утре, ЈСП и понатаму се надева на Владата

Синдикалците на ЈСП Скопје, одлучија да му дадат нов рок на Јавното сообраќајно претпријатие, до утре (19.10.2022 г.) да им ја исплати заостанатата септемвриска плата. Во спротивно, како што велат, автобускиот превоз во Скопје ќе биде прекинат. Ветување дека до утре ќе биде исплатена платата,...

Западните медиуми и американскиот Конгрес не ја величаат Вита Заверуха и таа нема титула „херој на Украина“

Невистинито се тврди дека Заверуха е величана од Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и од американскиот Конгрес, како и дека ѝ била доделена титулата „херој на Украина“. Вистиномер и претходно дебанкираше тврдење во кое што невистинито се изнесе дека Викторија Заверуха му е внука на украинскиот претседател...

Во ЕУ извештајот нема „најмногу критика“ за ВМРО-ДПМНЕ – критиките и кон власта не се ништо помали

Во Извештајот на ЕУ за напредокот на С. Македонија во 2021/2022, година „критиките“ ако можат да се оценат како критики, зашто се опис на состојбите, најмногу се однесуваат на „непостоење консензус“ за важни законски промени што доведува до „поларизација во Собранието помеѓу политичките партии“,...

Хаос со автобуската линија број 19, за еден час не сообраќале дури 7 автобуси, Град Скопје од август не им исплатил средства за превоз

Приватните автобуси од линијата 19, кои сообраќаат во рамките на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) утрово не возеа според предвидениот возен ред. Десетици граѓани беа принудени да пешачат и километри за да патуваат со други линии, а други пак беа принудени да се вратат дома....

Ковачевски: По примерот на Конески, се грижиме за македонскиот јазик низ дела

Наследството на Конески е темел на македонскиот јазик, а со тоа и темел во македонскиот идентитет и во македонската национална култура - но и со безвременско значење, поради поставеноста на Конески кон иднината, како приврзаник на сфаќањето дека јазикот е жива материја, порача премиерот...

Почна изработката на новата Национална стратегија за млади

Националната стратегија за млади е повеќе од важен документ за младите во Република Северна Македонија. Таа ги поставува основните принципи и насоки за акција на сите чинители во општеството кои ќе водат кон подобрување на социо-економската положба на младите и кон создавање на средина...

Конкурс за краток хорор расказ за „Ноќта на вештерките“

Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќ на вештерките“, кој се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“ трета година по ред објавува Конкурс за краток хорор расказ. Годинава, конкурсот се одвива во соработка со Книжевниот центар „Антолог“. Право на учество на конкурсот имаат сите...

Името на брендот Пепси не е поврзано со Израел

Името на пијалокот Пепси не е кратенка од „Платете до последен цент, спасете го Израел”. Објаснувањето за оваа кратенка е урбан мит. Со купувањето на Пепси, потрошувачите не поддржуваат убивање Палестинци. Главните акционери на ПепсиКо, може да ги погледнете на следниот линк. Газираниот пијалок...

Медиумската компанија на Доналд Трамп ги прекршила федералните закони, тврди свиркач

Ко-основачот на компанијата за социјални медиуми на Доналд Трамп стана свиркач, тврдејќи дека фирмата ги прекршила федералните закони за хартии од вредност и дека поранешниот американски претседател вршел притисок врз извршните директори да ѝ ги предадат акциите на неговата сопруга Меланија Трамп, објави „Вашингтон...

На три пункта во Скопје граѓаните ќе ги потпишуваат новите договори за парно со ЕСМ

За да се регулира потрошувачкиот однос на снабдувачот со потрошувачите утврден во Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е да се склучи договор за снабдување со топлинска енергија, а за таа цел потрошувачите на чиe име се води парното греење во домот/објектот, потребно...

Регистриран еден од најголемите блесоци во вселената досега – се „роди“ нова црна дупка

Астрономите низ светот сѐ уште се маѓепсани од неверојатно блескавиот и долготраен изблик на високоенергетско зрачење, огромен „блиц“, што е всушност „првиот плач“ на нова црна дупка. Појавата регистрирана на 9 октомври претпладне според македонско време е еден од најсветлите настани што ги регистрирала...

Русите со дронови го нападнаа центарот на Кијив, погодени станбени згради и инфраструктурни објекти

Руските сили утрово повторно го нападнаа Кијив со камиказе-дронови. Во украинскиот главен град се погодени станбени згради и инфраструктурни објекти, а најмалку две лица е пријавено дека се наоѓаат под рушевините на објект, јавува Гардијан. Најмалку 18 лица биле спасени од под остатоците на...

Ниту има наплив од ковид заболени, ниту, пак, тие се заразуваат од прскање со авиони

Од средината на септември досега, бројките на новозаболени во земјава се двоцифрени, односно ситуацијата е стабилна и бројките се намалуваат. Нема „наплив на нови заболувања” како што се тврди во објавата. Во вториот дел од објавата се става знак еднаквост меѓу коронавируост и прскањето...

Скопјани ќе треба од утре да потпишат нови договори за парно греење со ЕСМ Снабдување

Корисниците на централното парно греење во Скопје од утре ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување, која е компанијата што го презема снабдувањето со топлинска енергија од БЕГ. Од понеделник потрошувачите ќе бидат известени за потребата од нивно префрлување од претходниот на...

Нема докази дека жолтите светла на небото на неколку руски градови се ласерско оружје

Како потенцијален извор на светлата некои го посочуваат природниот феномен познат како светлосна колона или светлосен столб. Ова објаснување беше дадено од рускиот медиум РБЦ, кој го цитираше Михаил Леус, специјалист во метеоролошкиот центар Фобос. Кен Карслав, професор на Институтот за климатски и атмосферски...

Руски хакерски напад врз сајтови на бугарските државни институции

Руски хакерски напад се случи вчера врз веб-страниците на бугарската влада, претседателот и Уставниот суд. Одговорноста за сајбер-нападот ја презеде руската група „KillNet“. Бугарскиот главен обвинител Иван Гешев изјави дека станува збор за напад врз бугарската држава, при што властите информираат дека веќе е...

Не е точно дека Бајден бил егзекутиран во Гвантанамо и дека го заменува глумец

Тврдењата за наводен глумец на местото на американскиот претседател Бајден не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот. Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден,...

РЕК „Битола“ од синоќа почна да работи со два блока

РЕК „Битола“ двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блокот 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава, информираат од владината прес-служба. Од Владата информираат дека во РЕК „Битола“ во моментов се во функција два од трите блока, откако...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...