fbpx

Западните медиуми и американскиот Конгрес не ја величаат Вита Заверуха и таа нема титула „херој на Украина“

-

Невистинито се тврди дека Заверуха е величана од Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и од американскиот Конгрес, како и дека ѝ била доделена титулата „херој на Украина“. Вистиномер и претходно дебанкираше тврдење во кое што невистинито се изнесе дека Викторија Заверуха му е внука на украинскиот претседател Зеленски, иако таа со него не е во крвно сродство. „Дејли Мејл“, за Заверуха во 2015 година објави дека таа е неонацистка, како и дека била уапсена во врска со смрт на двајца полициски службеници. И Стејт Департментот, во своите извештаи за прекршување на човековите права, на сличен начин ја споменува Заверуха, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Еден поздрав до оние со украинското знаменце на профилната. Ова е нацистот Вите Заверухе (Викто́рия И́горевна Заверу́ха). Дeнес таа е новата „икона” на западната и украинската пропаганда! Ја величаат, и ѝ се радуваат СИ-ЕН-ЕН, БИ-БИ-СИ и Американскиот Конгрес. И доделуваат титула „Херој на Украина“. Каква држава, такви и херои.

Понатаму, во објавата се споделуваат неколку фотографии од Заверуха.

Која е Викторија Заверуха, девојката од фотографиите и дали навистина е величана од западните медиуми?

Викторија Игоревна Заверуха, попозната како Вита Заверуха е родена на 9 јуни 1996 година во регионот Виница во Украина. Таа учествуваше во конфликтот во Источна Украина во мај 2014 година и е широко позната за нејзините отворени симпатии за радикални националистички идеи. На 4 мај 2015 година, таа е уапсена во Киев со обвинение дека пукала кон полициски службеници, ограбила бензиска пумпа и се обидела да убие полицајци, планирајќи терористички напад на 1 мај 2015 година. Заверуха подоцна е ослободена со кауција од 59 илјади долари, која ја платил украинскиот бизнисмен Олексеј Тамразов.

Заверуха стана широко позната по публикацијата во францускиот „Ел Магазин“, во напис каде што се претставуваат жените кои учествувале во вооружениот конфликт во Донбас.

Како што пишува Дејли Мејл, во текстот на Ел-Франција, Вита го користи името Света, како што може да се види и од извадокот од написот во Ел Франција прикажан на фотографијата погоре.

Овој напис предизвика медиумски скандал откако американската пијанистка со потекло од Киев, Валентина Лисица го привлече вниманието на јавноста кога објави дека Вита Заверуха во своите објави на социјалните мрежи демонстрира отворени симпатии кон радикалниот национализам. Заверуха на повеќе фотографии позира со нацистички поздрав, а на себе носи и ознаки со свастика.

Откако пијанистката Лисица го крена вниманието во јавноста, уредниците на француското списание Ел се извинија за објавувањето на написот со Вита Заверуха и соопштението беше пренесено од бројни медиуми во Франција, на пример Хафингтон Пост.

И Јаху го објави тоа извинување. Истото може да го прочитате и на германската РТЛ.

Оттаму објаснија дека тие ја сретнале во Луганск, но од нејзината облека и нејзината реторика, ништо не наведувало дека таа на било кој начин е дел од крајното десничарско движење.

Уредништвото и двајцата новинари задолжени да ја покријат оваа приказна, беа шокирани кога ги дознаа вистинските идеолошки верувања на жената. Строго осудуваме антисемитизам, расизам и нацистички идеологии, објавија оттаму, а пренесоа бројни кредибилни медиуми.

Грешката на Ел Магазин, за која имаше извинување, се злоупотребува и во 2022 година за Заверуха лажно да се претстави како икона на „западната и украинската пропаганда”. Така, во постот што го рецензираме, невистинито се тврди дека Заверуха е величана од Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и од американскиот Конгрес, како и дека ѝ била доделена титулата „херој на Украина“. Еве ја листата на сите Украинци кои ја примиле титулата „Херој на Украина“ во изминатите 20 години и во неа никаде не се спомнува Вита Заверуха.

Вистиномер и претходно дебанкираше тврдење во кое што невистинито се изнесе дека Викторија Заверуха му е внука на украинскиот претседател Володомир Зеленски, иако таа со него не е во крвно сродство.

Британскиот „Дејли Мејл“, за Заверуха во 2015 година објави дека таа е неонацистка, како и дека била уапсена во врска со смрт на двајца полициски службеници.

Вита Заверуха е приведена во 2015 година откако двајца полициски службеници беа убиени, а тројца повредени, на 4 мај 2015 година, откако банда не успеала да ограби бензинска станица во Киев. Бандата која се поврзува со екстремната десница во Украина, истрелала од огнено оружје во обид да избега од местото на кражбата, пишува Дејли Мејл.

Уште тогаш, во „Дејли Мејл“ се објавени дел од фотографиите кои ги има во постот што го рецензираме, на кои Заверуха е со знаме со свастика. Во 2015 година таа имала 19 години и била отворен промотор и активен поддржувач на злосторничките неонацистички идеали.

Дополнително, таа била и осомничена за напад на сообраќаен полицаец, два дена пред грабежот на бензиската пумпа, како и за претходен крвав напад во кој биле повредени 200 лица.

Стејт Департментот, во своите извештаи за прекршување на човековите права, ја споменува Вита Заверуха, но не на начин со кој ја величи, туку единствено посочува дека таа била уапсена.

„На пример, двајца мажи коишто учествуваа во осмомартовскиот марш во Киев, беа претепани и изложени на солзавец во подземен тунел по завршувањето на маршот. Полицијата уапси четворица осомничени за овој инцидент, вклучително и Вита Заверуха и тројца други активисти од насилната радикална група „Непознат Патриот’“, пишува на страницата на Стејт Департментот.

Евидентно е дека за Стејт Департментот, во овој извештај, Заверуха е член на насилна радикална група.

Џошуа Кохен во Вашингтон Пост за неа со критички тон пишува дека е неонацистка ослободена со кауција и во домашен притвор во мислење објавено на 15 јуни 2017 година.

Вистиномер не успеа да најде медиумски содржини од Би-Би-Си и од Си-Ен-Ен во кои таа наводно е прикажана во позитивно светло. Не пронајдовме ниту било какви содржини во овие медиуми поврзани со Заверуха. Истото важи и за американскиот Конгрес.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...