fbpx

Хаос со автобуската линија број 19, за еден час не сообраќале дури 7 автобуси, Град Скопје од август не им исплатил средства за превоз

-

Приватните автобуси од линијата 19, кои сообраќаат во рамките на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) утрово не возеа според предвидениот возен ред. Десетици граѓани беа принудени да пешачат и километри за да патуваат со други линии, а други пак беа принудени да се вратат дома. Од компанијата „МАКЕКСПРЕС“ велат дека Град Скопје од август не им ги исплатил предвидените средства, пишува Порталб.мк.

Денеска многумина граѓани не можеа да одат на работа, на училиште, на лекар или да извршат одредени обврски, бидејќи возачите на линијата број 19, која сообраќа од Шутка преку Чаир, па се до Карпош, денеска не дојдоа навреме.

Овој хаос денес беше снимен од објективот на новинарот на Порталб, кој истотака мораше да стигне на работа за да ги извршува секојдневните обврски, но беше спречен поради нефункционирањето на оваа линија. Не е првпат оваа линија да не го почитува утврдениот распоред.

Распоред на возење на линијата број 19, Фото: Веб страна на ЈСП

Од 08:30 до 09:30 не сообраќале 7 автобуси, поконкретно во следните термини 08:35, 08:43, 08:50, 08:58, 09:05, 09:15, 09:25.

Фото: Суад Бајрами/Порталб.мк. 17.10.2022

„И јас чекам, еве веќе цел час, но автобусот го нема. Само кај нас има ваква неодговорност”, рече за Порталб.мк, еден револтиран граѓанин кој чекаше автобус.

Автобусот требаше да дојде во 8:30 часот, дојде во 9 и 37 минути. Како што можете да видите од сликите во постојките владее хаос а воедно една таква ситуација претставува и ризик за време на сезонскиот грип, и кога ковид-19 е сеуште присутен во нашата земја. Голем дел од граѓаните, кои го чекаа автобусот повеќе од еден час, не успеаја да се качат поради преголемата гужва и немањето место за сите патници.

Според сведоштвото на еден патник кој секој ден патува со ова автобуска линија, денес автобусите не сообраќале и од 8.05 до 8.25 часот, време за кое би требало да поминат 3 автобуси.

Фото: Суад Бајрами/Порталб.мк. 17.10.2022

„Чекав од 8:05 до 8 и 25, но автобусот не дојде, па се качив на деветка. Кога автобусот сврте кај кружниот тек во Топанско Поле видов дека од насока на Шутка сеуште го немаше автобусот број 19. И во деветка имаше гужва затоа што половина од оние што ја чекаа 19-ка, се качија со мене во 9-ка”, изјави за Порталб.мк, Сашо, жител на Чаир.

Порталб.мк контактираше со компанијата „МАКЕКСПРЕС” која ја менаџира оваа линија, но од таму велат дека немаат информации дека нивните автобуси утрово не сообраќале.

„Немаме информации дека не сообраќале нашите автобуси, ги прашав и колегите кои го контролираат системот и тие не ми дадоа таква информација“, велат од „МАКЕКСПРЕС“.

На прашањето дали Град Скопје им ги исплатил предвидените средства на сопствениците на автобусите, од компанијата велат дека средства не им се префрлени уште од почеток на месец август.

„Можно е оваа да е главната причина што не сообраќале, затоа што не можат да ги покријат трошоците. Тие сами ги покривале до сега, но се си има своја граница. Треба да го платат сервисирањето на автобусот, придонесите, платите, се е поскапено – не е чудно немањето на средства да биде главната причина за ова”, рекоа за Порталб.мк.

Од Министерството за внатрешни работи за Порталб.мк потврдија дека денес во Чаир имало проверки, планирани проверки на автобусите кои превезуваат ученици и дека 2 автобуси се испратени на дополнителен технички преглед.

„Секторот за безбедност во сообраќајот на СВР Скопје денеска на подрачјето на Полициската станица Чаир изврши проверки на автобусите според планот за проверка на превозниците на ученици, при што 2 автобуси се испратени на дополнителни технички прегледи“, изјавија од МВР за Порталб.мк.

Порталб.мк, испрати прашање и до Град Скопје, и до ЈСП, но до објавувањето на овој текст од таму немаше одговор.

Во меѓувреме денеска возачите на ЈСП се заканија дека нема да возат сè додека не им се исплатат платите. Од ЈСП рекоа дека проблемот со доцнењето на платите е затоа што централната власт и некои општини не платиле за организиран превоз за одредени категории на граѓани. Ова ќе биде дополнителен проблем за граѓаните кои патуваат со автобусите на линијата број 19, без разлика што голем дел од автобусите од оваа линија сообраќаат под „МАКЕКСПРЕС“, приватна компанија која има договор со ЈСП.

Инаку, од 2016 година приватните абтобуси сообраќаат под ЈСП. Според тогашната одлука на Советот на Град Скопје, нив им се исплаќа 61 денар за поминат километар.

„МАКЕКСПРЕС” управува со 5 линии на автобусите кои вршат јавен транспорт, односно со линиите број 19, 20, 22, 52 и 54

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...