fbpx

Русите со дронови го нападнаа центарот на Кијив, погодени станбени згради и инфраструктурни објекти

-

Руските сили утрово повторно го нападнаа Кијив со камиказе-дронови. Во украинскиот главен град се погодени станбени згради и инфраструктурни објекти, а најмалку две лица е пријавено дека се наоѓаат под рушевините на објект, јавува Гардијан. Најмалку 18 лица биле спасени од под остатоците на зграда погодена од ракета.

Кијивскиот градоначалник Виталиј Кличко побара од жителите на градот да не ги игнорираат сирените за противвоздушна одбрана и задолжително да останат во засолништата. Исто така, тој предупреди без потреба да не се движат граѓаните кон центарот на градот, земајќи предвид дека областа Шевченковски била погодена од руските ракети.

Дописникот на весникот Гардијан и на агенцијата Ројтерс јавуваат за најмалку три експлозии што утрово го погодиле центарот на Кијив. Медиумите јавуваат дека на еден од соборените дронови во Кијив имало натпис „За Белгород“, руски регион на самата граница со Украина кој неколку пати беше погоден од експлозии за кои руските власти ги обвинуваат украинските сили.

Украинските власти од различни делови на земјата пријавуваат цивилни жртви во изминатово деноноќие, како резултат на руското гранатирање. Во Харкивскиот регион во изминативе 24 часа најмалку едно лице загинало, а двајца се повредени како резултат на руските гранатирања, пренесува Гардијан.

Укринформ јавува и за четири загинати цивили во изминатово деноноќие во населените места Бахмут, Клишчивка, Заричне и Авдивка во Донецкиот регион. Во руските напади се повредени и најмалку 10 лица.

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили целат врз повеќе од 30 градови и села низ Украина и извршиле пет ракетни и 23 воздушни напади, како и до 60 ракетни напади во изминатите 24 часа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...