Руски хакерски напад врз сајтови на бугарските државни институции

-

Руски хакерски напад се случи вчера врз веб-страниците на бугарската влада, претседателот и Уставниот суд. Одговорноста за сајбер-нападот ја презеде руската група „KillNet“. Бугарскиот главен обвинител Иван Гешев изјави дека станува збор за напад врз бугарската држава, при што властите информираат дека веќе е откриено оти сајбер-нападот доаѓа од рускиот град Магнитогорск, јавува Дневник.бг.

Бугарските власти го оквалификуваа хакерскиот напад како сериозен проблем, додавајќи дека нападот првично почнал кон сајтот на претседателството, додека владините веб-страници се отворале, иако побавно од вообичаеното.

Сајбер-нападот на бугарските институции не влијаел на било каква содржина или лични податоци, информираа од бугарската влада. Тие додаваат дека хакерскиот напад е сопрен.

Инаку, бугарските владини веб-страници и системи имаат воведено заштита од хакерски напади во 2015 година, откако руски хакери ги погодија веб-страниците на ЦИК, Министерството за внатрешни работи и други институции за време на локалните избори, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

Maкедонија стана дел од Програмата на ЕУ „Граѓани, еднаквост права и вредности“

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на Република Северна Македонија во Програмата на Европската Унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Maкедонија стана дел од Програмата на ЕУ „Граѓани, еднаквост права и вредности“

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на Република Северна Македонија во Програмата на Европската Унија „Граѓани, еднаквост, права...