Авионот на Груевски принудно слетал во Цирих

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски, која се враќала од Стразбур, принудно слетала во Цирих, јавува „Телма“. - Според првичните информации, можам да потврдам дека при враќањето од Стразбур, се случил дефект во летот на владиниот авион, во кој бил и премиерот Груевски со...

Mеѓусебни обвинувања меѓу Груевски и грчки европратеници во Стразбур

Европратеничката на Нова демократија, Марија Спираки, се соочи директно со премиерот Никола Груевски околу ставовите за недостигот од демократија и од демократски вредности на македонската влада. Спираки и Груевски се соочија на состанокот на парламентарната група на Европската народна партија во Европскиот парламент, на кој...

Македонија сè уште дума што официјално да каже за изјавата на Рама за НАТО

Државните институции задолжени за надворешната политика на Македонија сè уште немаат став за изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој најави можно вето за влез на Македонија во НАТО. Во МНР и вчера и денеска велат дека во тек се консултации и анализа на изјавата...

Можна помош од Советот на Европа за истрагата во Македонија

По изјавите на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа, треба да оди во Македонија поради политичката криза, Јагланд во Брисел се огласи со кратка изјава, велејќи дека во Македонија „треба да има силна и...

Нова контроверза за акцијата во Куманово: И полицаец бил меѓу терористите?

Меѓу уапсените припадници на терористичката група, што пред десетина дена беше разбиена во Куманово, сепак, има и полицаец, потврди за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски. На нашето прашање дали е точно дека меѓу приведените во акцијата...

Пасошот на Заев му е вратен трајно, смее да патува, освен во понеделник

„Престанува потребата поради која била определена мерката претпазливост со одземање на пасошот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а останува мерката обвинетиот секој понеделник да се јавува во Основниот суд во Струмица.“ Со оваа одлука, која ја донесе второстепениот суд пред една недела, Заев може да патува надвор...

Обвинителство 10 дена ги чека обдукциските наоди за 18 загинати во акцијата во Куманово

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во чија надлежност е истрагата за полициската акција во Куманово, сè уште ги очекува официјалните извештаи од обдукциските наоди за убиените припадници на безбедносните сили и на терористичката група, велат за „Мета“ од Обвинителството. Во дописот, како одговор...

Грците нервозни: Столтенберг четирипати рече „Македонија“

Именувањето на Македонија под уставното име од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предизвика реакции во Грција. Грчките претставници на заедничкиот состанок на министри за надворешни работи и за одбрана на ЕУ реагирале веднаш штом Столтенберг почнал да нè именува „Македонија“. Грција планира да испрати протестна...

Груевски: Нема повлекување, нема потклекнување, нема предавање

„Македонија е изложена на жесток напад. Молчевме, но доста беше, време е да одговориме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, на вечерашниот голем собир на плоштадот Пела во Скопје. - Сега сме соочени со искушение да се судриме сами со себе - рече...

ЕУ-министри: Потребно е политичко решение за излез од кризата во Македонија

Министрите за надворешни работи ја завршија дискусијата за Македонија, на која било кажано дека Европската унија ќе продолжи да ја следи ситуацијата, а искажана била поддршка за напорите на тројцата европратеници што го олеснуваат процесот. Тие се согласиле дека е потребно политичко решение за кризата, потврдија за...

Жешка понеделничка политичка агенда

Денеска денот е богат со политички настани. По вчерашниот протест на СДСМ пред Владата во Скопје, вечерва народен собир пред Собранието најави и ВМРО-ДПМНЕ. Еве ја денешната политичка агенда: 13 часот - Прес-конференција на граѓаните кои по митингот на СДСМ останаа да кампуваат пред Владата на Македонија; 13.30 часот - Лидерите...

Заев порача од протестот: Груевски не одолговлекувај, заврши твоето, оди си!

„Дојдовме по нашата иднина. Испраќам конкретна, јасна порака во име на сите нас овде, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, од различни страни на Македонија, од различни граѓански здруженија, сојузи и разни политички партии. Груевски не одолговлекувај и самиот гледаш дека твоето заврши. Оди...

Милчин: Дојдовме да ја ослободиме слободата

Македонијo, мајко милa, дали гледаш колку многу луѓе те сакаат денеска и овде, рече режисерот и директор на Фондацијата „Отворено општество - Македонија“, Владимир Милчин, на денешниот собир „Граѓаните за Македонија“ и побара оставка од премиерот и од цела влада. - Никола Груевски, душману наш, дали...

Станишев и Ховит пристигнаа на протестот

На протестот во Скопје пристигнаа и европратениците Сергеј Станишев од Бугарија и Ричард Ховит од Велика Британија. Илјадници граѓани се собраа пред Владата на протестот „Граѓаните за Македонија“. Се очекува пред граѓаните да се обрати и Станишев, а завршнот збор ќе го има лидерот на...

Котевски: Ангажиравме „соодветен број“ полицајци за протестот

„Соодветен број полициски службеници“ ќе бидат ангажирани  од Министреството за внатрешни работи (МВР) за обезбедување и за одржување на редот и на мирот на денешниот голем митинг во Скопје, изјави за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски. На булеварот Партизански одреди...

Повеќe од 3.000 битолчани тргнаа на протест во Скопје

Повеќе од 3.000 битолчани тргнаа на пат за Скопје да го поддржат митингот на опозицијата. Во долгата колона од Битола, се 19 автобуси, 14 минибуси и 300 автомобили со битолчани кои ќе го поддржат митингот во Скопје. Ниту еден од битолските превозници не се нафати...

Тито Петковски: Се покажа дека Груевски неправедно ми зеде 10.600 евра

Тито Петковски, претседател на НСДП, уште во 2008 година за „Фокус“ тврдеше дека премиерот Никола Груевски е подготвен на компромис со Грција за името Република Македонија (Скопје). За оваа изјава Груевски покрена тужба, а главен аргумент му беше изјавата кога Петковски тврди дека премиерот со писмо...

Груевски: Ќе ја промениме локацијата на собирот в понеделник

Нема да дозволиме насилство на протестот што ќе го организираме, истакна денеска премиерот Никола Груевски на гостувањето во дневникот на телевизија „Сител“. - На разговорите во Клубот на пратениците пред некој ден, Никола Попоски го замоли Заев ако може в понеделник, тие што планира да ги остави во...

Од денеска „бомбите“ на СДСМ се на пауза

„Бомбите“ што веќе неколку месеци ги објавува опозицијата, од денеска ќе бидат на пауза, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Како што кажа, причината за паузата е големиот граѓански митинг што треба да почне утре, во 14 часот, пред објектот на Владата. - Со објавувањето...

Шилегов ја најави 33. „бомба“

Петре Шилегов, портпаролот на опозицискиот СДСМ, денеска на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ најави објавување на нова „бомба“ од проектот „Вистината за Македонија“. Шилегов на фејбук-профилот напиша: „Послушајте патриоти... #33“. Се претпоставува дека на оваа прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ги објави најавуваните материјали...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...