fbpx

Груевски: Нема повлекување, нема потклекнување, нема предавање

-

„Македонија е изложена на жесток напад. Молчевме, но доста беше, време е да одговориме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, на вечерашниот голем собир на плоштадот Пела во Скопје.

– Сега сме соочени со искушение да се судриме сами со себе – рече Груевски, прекинуван од аплауз.

Според него, „диктатура на политичкото малцинство, тоа е она што ѝ се случува на Македонија“.

– Македонија не се предава, Македонија е силна! Тоа е одговорот за СДСМ. Нема повлекување, нема потклекнување, нема предавање! Македонија е силна, одлучна и Македонија пак победува – рече Груевски и порача дека „нема да дозволи да нè закрват“.

Според него, не ни требаат демократи кои пред три години имаа обид за насилно заземање на парламентот.

– Што ли ќе се случи ако оваа гарнитура од исфрустрирани дојде на власт – праша Груевски.

Тој говореше и за грешките и за пропустите кои смета дека ќе ги исправат и дека од сето ова ќе излезат посилни.

– Ако го немаше овој напад, требаше да го измислиме, тој ќе нè зацврсти – рече Груевски.

Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков, иако без каква било докажана вина, донесоа одлука да се повлечат, истакна лидерот на позицијата и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата веќе имаат подготвен „пакет за адресирање на сите сектори каде има лоцирани забелешки“.

– Ние имаме реален план. Нема да им дозволиме на Заев и на неговите сценаристи да нè срушат иако атмосферата, психолошката состојба, засолена со изјавите на Заев, веќе почна да ѝ прави проблем на Македонија, особено во делот на нарачките и кај странските инвеститори – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Говорејќи за спорот со Грција околу името, тој истакна дека „нема да прифати идеи и предлози што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет и јазик“. ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна партија, рече Груевски, нема да дозволи какво било решение да биде прифатено без референдум. „Ќе ги продолжиме разговорите со Грција, но со мимимум волја кај јужниот сосед“, додаде премиерот.

Во врска со актуелната криза, Груевски рече дека ќе следуваат разговори меѓу партиите, но нема да дозволи решение спротивно на волјата на граѓаните.

– Македонија е европска земја, Македонија е силна – порача на крајот на обраќањето Груевски.

Големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ почна со извиците „Никола Никола“ и со македонската химна, отпеана од поп-пејачката Калиопи.

По химната, со едноминутно молчење се оддаде почит на загинатие полицајци во Куманово.

Прв говорник беше професорката Виолета Ачковска од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), а потоа говореа градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и поранешниот претседател на СОНК, Дојчин Цветановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...