fbpx

Јакимовски и Цветановски ја повикаа опозицијата да се врати во Собранието

-

Големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ почна со извиците „Никола Никола“ и со македонската химна, отпеана од поп-пејачката Калиопи. По химната, со едноминутно молчење се оддаде почит на загинатие полицајци во Куманово.

Прв говорник беше професорката Виолета Ачковска од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

– Овие денови се видени во 2001 година со безмалку истите актери. Се активира планот Б за украинската трагедија, на која не ѝ се гледа крајот. Во име на бранителите што загинаа, да порачаме: ние сме Македонија и ние сме дел од борбата против тероризмот. Бараме да биде почитувана волјата на граѓаните, која се крши од една агресивна опозиција. Затоа му порачуваме на Груевски да ја заштити суверената волја на мнозинството граѓани – рече Ачковска.

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, рече дека демократијата не дозволува малцинството да го тормози мнозинството и ја повика опозицијата да се врати во Собранието.

– Пред десетина дена ме прашаа што ќе биде по седумнаесетти. Јас реков, ќе дојде осумнаесетти. Мислев на овие 100.000 луѓе кои не сакаат омраза, закани. Правото на легитимна власт ќе го браниме и тоа е должност на секој граѓанин. За нас приватноста на граѓаните е светиња по која Зоран Заев со месеци посегнува, со една единствена цел – да ги урне столбовите на државата. А ние, кои малку подолого познаваме политика, сакаме да му кажеме дека еден хаос ќе роди нов хаос и најмногу од сè ќе страдаат граѓаните на Македонија. Ние не сакаме, ниту имаме намера да соработуваме со странски служби. Не сакаме да бидеме ничија марионета во насилно уривање на власта. На власт се доаѓа на легитимни и демократски избори. Ние сме тука затоа што знаеме дека демократијата не дозволува малцинството да го тормози мнозинството. Единствено место за коректив на работата на власта е парламентот. Ние сме овде затоа што сме свесни дека државата се гради со многу труд. Ние не го оспоруваме правото на опозицијата да биде коректив на власта, но не на подмолен начин – рече Јакимовски.

По говорот на градоначалникот на општина Карпош, се пееше песната „Земјо македонска“.

Поранешниот претседател на СОНК, Дојчин Цветановски, рече дека „бомбите“ на Заев се гнасен изум со кој СДСМ сака насилно да дојде на власт.

– Македонијо, четири месеци те гаѓаат со, во цел свет непознати, бомби за да те демократизираат. Но, тоа е нов гнасен изум како да дојдат насилно на власт. Но, тоа е невозможно бидејќи ти си библиски изградена земја. Знаеме дека секој ден се понервозни затоа што секоја нова „бомба“ им е бумеранг. Гласно порачуваме: вие што одлучивте да ѝ нанесете болка на Македонија, сè уште имате шанса да се поправите. Вратете се во Собранието – рече Цветановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...