Жешка понеделничка политичка агенда

-

Денеска денот е богат со политички настани.

По вчерашниот протест на СДСМ пред Владата во Скопје, вечерва народен собир пред Собранието најави и ВМРО-ДПМНЕ.

Еве ја денешната политичка агенда:

  • 13 часот – Прес-конференција на граѓаните кои по митингот на СДСМ останаа да кампуваат пред Владата на Македонија;
  • 13.30 часот – Лидерите на четирите најголеми партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, ќе ја одржат втората лидерска средба за наоѓање решение за излез од политичката криза. И овојпат се очекува на лидерската средба, како набљудувачи, да присуствуваат амбасадорите на САД и на Европската унија, Џес Бејли и Аиво Орав. По завршувањето на првата лидерска средба, која се одржа во четвртокот, учесниците најавија дека е направен обид да се креира рамка за разговори за излез од политичката криза во земјава;
  • Советот за надворешни работи на Европската унија денеска, во Брисел, по барање на шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов, треба да расправа за Македонија и да излезе со заеднички став во врска со случувањата во земјата и со мерките што треба да се преземат;
  • 18 часот – „Протестирам“ и за денеска најави протест за оставка на Владата на Никола Груевски. Поради протестот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи во 20 часот пред Собранието на Република Македонија, од граѓанската иницијатива најавија дека тие од пред Влада ќе се упатат само до Основниот суд Скопје, каде ќе заврши протестот;
  • 20 часот –  Голем народен собир пред Собранието на Македонија организира ВМРО-ДПМНЕ;
  • 22 часот – Граѓаните втор ден кампуваат пред Владата на Република Македонија по протестот на СДСМ.

За утре е најавено дека премиерот Груевски и лидерот на СДСМ, Заев, ќе патуваат во Стразбур на покана на европарламентарците кои посредуваат во политичката криза.

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...