fbpx

Ковачевски: Остануваме посветени на добрососедството со Бугарија

-

Oбидите да се нанесат штети во билатералните релации меѓу Р.С. Македонија и Бугарија, се обиди да се наштети и на единството во Европа, кое војната во Украина покажа дека е неопходно и за ЕУ и за Западен Балкан. Ова во интервју за српскиот весник „Политика“ го кажал премиерот Димитар Ковачевски зборувајќи за односите на земјава со Бугарија. Тој кажал дека Македонија останува посветена на развојот на добрососедските односи, во духот на европските вредности, преку меѓусебно почитување и политики на разбирање на другиот.

„Во официјалните односи и политики, па и меѓу граѓаните на двете држави има и меѓусебно разбирање и почитување. Верувам дека ќе успееме да се издигнеме над сите обиди од трети страни, кои имаат свои инсталации во двете држави и за туѓи интереси се обидуваат да наштетат на нашите билатерални односи“, рекол Ковачевски во интервјуто.

Тој оценува дека се тоа обиди насочени и против единството, стабилноста и безбедноста во Европа, што треба да ги обезбеди натамошното проширување на ЕУ.

„Верувам во дијалогот како начин за решавање на кое било прашање, верувам во капацитетите на Македонија, на Србија и гледам можности за натамошен развој на европските интеграции и на нашите држави и на целиот Западен Балкан“, вели Ковачевски во интервјуто за „Политика“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...