fbpx

„Еурактив“ оценува: Европските партии го разгоруваат огнот во Македонија

-

Кризата во Македонија се продлабочува, а двете најголеми европски политички семејства – централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП) и Партијата на европските социјалисти (ПЕС), додаваат масло на огнот и го разгоруваат антагонизмот меѓу македонските партии, оценува порталот „Еурактив“.

Во анализата на порталот се наведува дека двете најголеми политички сили во ЕУ се целосно несинхронизирани, имајќи предвид дека „ЕПП очајно го поддржува дискредитираното владеење на премиерот Никола Груевски, а ПЕС испраќа лидери во Скопје за да собере поени од ќор-сокакот во кој се наоѓа земјата“.

Според „Еурактив“, набљудувачите се еднакво песимисти во врска со сценариото што ќе му даде повеќе време на власт на Груевски или за уште помалку веројатната алтернатива, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, да ја преземе власта. Западните дипломати туркаат во насока за формирање влада на национално единство, во која двете политички партии ќе учествуваат сè до одржувањето предвремени избори.

Порталот наведува дека западните дипломати се обидуваат да ја решат кризата, но оти ЕПП и ПЕС водат сопствени војни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.