fbpx

Обвинителство 10 дена ги чека обдукциските наоди за 18 загинати во акцијата во Куманово

-

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во чија надлежност е истрагата за полициската акција во Куманово, сè уште ги очекува официјалните извештаи од обдукциските наоди за убиените припадници на безбедносните сили и на терористичката група, велат за „Мета“ од Обвинителството.

Во дописот, како одговор на нашите прашања „Колку вкупно лица ги загубија животите во текот на акцијата? Колку припадници на полицијата? Колку припадници на терористичката група? Дали надлежниот јавен обвинител наредил обдукција на телата на загинатите припадници на безбедносните сили и дали, доколку наредил, било постапено по наредбата?“, од Обвинителството потврдуваат дека станува збор за вкупно 18 лица, а не за 22, како што велеа претходните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР).

– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведува опсежна истражна постапка за неодамнешните случувања при полициската акција во Куманово. Во моментов се очекуваат официјалните извештаи од обдукциските наоди за починатите лица – 8 припадници на безбедносните сили и 10 припадници на терористичката група – ни одговорија од Обвинителството.

Од информациите на Обвинителството не е јасно дали и кога е извршена обдукцијата на телата на загинатите припадници на безбедносните сили, бидејќи тие беа погребани еден ден по нивната погибија.

Во неделата, на 10 мај, во своите родни места во полошкиот регион, со воени почести беа погребани Сашо Самојловски, Жарко Кузмановски од Брвеница, а во гостиварското село Зубовце беше погребан Ненад Серафимовски.

Дента беше погребан и припадникот на единицата за брзо распоредување и дејствување, Исамедин Османи.

Наредниот ден, 11 мај, беа погребани Бобан Ивановиќ, Горан Стојменовиќ, Љубиша Арангеловиќ и Горан Илиевски.

Како што соопштија од јавното обвинителство, увидот на надлежниот обвинител во кумановското Диво Насеље, каде беснееја престрелките меѓу полицијата и терористите, бил извршен во неделата, на 10 мај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...