fbpx

Симон Трпчески четирипати го враќаа на сцена

Публиката во Берлинската филхармонија вчера четирипати го врати на сцена Симон Трпчески. Еден од најталентираните германски музичари, Даниел Дерфолц, кој го придружуваше македонскиот пијанист на труба, вели дека е уживање да се работи со Трпчески, кој со својот начин на музицирање на сцената внесува доза...

Почина авторката на романот „Птиците умираат пеејќи“

Австралиската писателка Колин Мекалоу, чиј екранизиран бестселер „Птиците умираат пеејќи“ стана една од најгледаните телевизиски мини-серии, починала на 77-годишна возраст, по низа здравствени проблеми, објавил нејзиниот издавач „Харпер Колинс“, јавуваат светските медиуми. Мекалоу почнала да пишува по децении работа како успешен научник невролог во Австралија,...

Две премиери во кино „Милениум“

На репертоарот на кино „Милениум“, следната седмица љубителите на филмот ќе имаат можност да проследат две нови филмски остварувања, пренесе „Култура“ (cooltura). Од четврток (29 јануари), во терминот од 20 часот, најновата „шпионска“ пародија „Мортдекаи“ („Mortdecai“), на режисерот Дејвид Коеп, со одлична актерска екипа, предводена од...

Куршумли ан меѓу најдобрите кина во светот

Куршумли ан е на четвртото месо од 15 предлози, како една од најубавите кино-сали. Во оваа класификација не се вклопени ултрамодерните кина што се одликуваат со пространи сали и неверојатно добро озвучување.  

Отворена аудиција за играниот филм „Безимени“

Македонскиот режисер Вардан Тозија е во фаза на интензивни подготовки за неговиот прв долгометражен игран филм со работен наслов „Безимени“. „Безимени“ е филм за група проблематични млади од маргинални средини, потиснати преку неправди до самиот раб на општеството, кои го одбираат својот пат за опстанок...

„Шеќерно дете“ ќе добие најмногу од филмскиот буџет за 2015 година

Агенцијата за филм на Македонија ги објави резултатите од првиот конкурс за филмови, според кој 23 филмови ќе добијат дел од филмскиот буџет за оваа година, кој изнесува 134.300.000 денари. Првиот филм за деца, „Шеќерно дете“, на режисерот Игор Иванов-Изи, ќе добие најмногу од...

Книга со песни „Меѓу две неба“ за поетско Велестово

Во издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ и на „ПНВ - публикации“, од печат излезе книгата „Меѓу две неба“, со содржини инспирирани од настаните во изминатите 26 години. Илустрирана е со фотографии од архивата на манифестацијата. Делото го подготви и предговорот го напиша Славе...

Почнува меѓународна конференција за новите пристапи во археологијата

Во Археолошкиот музеј на Македонија денеска почнува меѓународната конференција „Еден чекор понатаму: Мултидисциплинарен пристап во археологијата“(One step beyond: A Multidisciplinary approach in archaeology“), на која ќе бидат разменети новите и современи археолошки пристапи и методи и ќе бидат презентирани и претставени разни истражувања спроведени...

Книжевна вечер со Андоновски, Мухиќ и со Трендо во Кочани

Вечерва во 19 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, ќе се одржи книжевна вечер со Венко Андоновски, Ферид Мухиќ и со Сашо Мацановски-Трендо. На средбата, издавачката куќа „Табернакул“ ќе промовира дела од книжевната ризница на овие автори, кои, пак, ќе зборуваат и за...

Охрид догодина – Светски град на хуманизмот

Претседателот на Академијата на хуманизмот, Јордан Плевнеш, обзнани дека Охрид догодина ќе биде прогласен за Светски град на хуманизмот. -Постапката е почната во консултации со познати интелектуалци и уверен сум дека ќе ја реализираме оваа идеја на Охридската академија на хуманизмот - вели Плевнеш. Формален повод...

„Традиција 2000-2015“ е слоганот на 15. саем на Булеварот на книгите

„Традиција 2000-2015“ е слоганот под кој ќе се оддржи традиционалниот, 15. саем на Булеварот на книгите. - Книга во секој дом на Булеварот на книгите, овојпат посветена на македонските автори. Нашата идеја е едноставна – секојдневно дружење со македонски автори, денови во кои нивните дела ќе имаат...

Манчевски одржа предавање во Лондон

Режисерот Милчо Манчевски одржа предавање во реномираната британска филмска академија „Лондон филм скул“ во Ковент гарден во Лондон. На покана од академијата и од катедрата за сценарио, Манчевски одржа предавање под наслов „Сценарист или режисер: Уметност – подобрување на вистината?“. Предавањето и разговорот со...

Џон Ралстон Сол во Охрид ја доби Светската награда за хуманизам

Претседателот на Интернационалниот ПЕН и едно од водечките имиња на светската литература и есеистика, Џон Ралстон Сол, е деветтиот добитник на Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија за хуманизам. Тој изјави дека е почестен да се вброи во плејадата големи имиња од...

Министерството за култура додели 30 стипендии за стручно усовршување

Триесет апликации прифатило Министерството за култура на конкурсот за 2015 година за стручно усовршување на млади уметници во сите дејности од културата и за едукација на дефицитарен кадар на престижни универзитети во светот. Конкурсот се објавува од 2008 година и до 2014 година се доделени вкупно 375...

Мозаиците во Хераклеја, магнет за странските туристи

Мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис крај Битола беа вистински магнет за илјадниците странски и домашни туристи во изминатата година. Како никогаш досега, минатата година туристите го имаа тоа задоволство да ги видат сите мозаични површини во античкиот локалитет, кои се простираат на исклучително...

Денеска почнува главното дефиле на маски во Вевчани

Денеска во Вевчани почнува главното дефиле на маски. Се очекува низ главната улица во Вевчани да продефилираат повеќе маски, инспирирани од разни случувања во општествено-политичкиот живот во земјата, но и пошироко. Светски познатата телевизиска куќа „Би-Би-Си“ ќе сними документарец за оваа оригинална манифестација што ги отсликува...

Раде Силјан е добитник на наградата за поезија за 2014 година

Раде Силјан е добитник на наградата за поезија за 2014 година на списанието „Литература и уметност“, орган на Сојузот на писатели на Република Молдавија. На познатиот македонски поет и литературен критичар признанието му е доделено за поетската книга „Сенка на векот“, која минатата година...

Промоција на книга и на монодрама на Вевчанскиот карневал 2015

Збирка раскази од Косте Шутиноски денеска ќе биде промовирана во Општината Вевчани, во рамки на годинешниот Вевчански карневал. Во рамките на карневалот, Доне Донев ќе изведе и монодрама. Централната манифестација на Вевчанскиот карневал, кој се одржува за време на василичарските празнувања, ќе се одржи на 13...

Почина Род Тејлор

Легендарниот актер Род Тејлор почина во својот дом во Лос Анџелес, јавија американските медиуми. Осумдесет и четиригодишниот Тејлор, кој е роден во Австрлија, играше во повеќе култни филмови, како што се „Временска машина“, „Ограбувачи на воз“ и „Неславни копилиња“ на Квентин Тарантино, но ќе биде...

„Утринска молитва“, седми роман на Петко Шипинкаровски

Најновиот роман „Утринска молитва“ на писателот Петко Шипинкаровски е опфатен со програмата за поддршка на проекти од национален интерес на Македонија, на Министерството за култура на Република Македонија. Делото кое ќе биде објавено годинава, е седми по ред роман на Шишинкаровски или деветти, сметајќи ги двете...