fbpx

Објавен романот „Божествени дечиња“ од Татјана Громача

„Македоника литера“ од Скопје го објави наградуваниот роман на хрватската писателка Татјана Громача, „Божествени дечиња“, во превод од хрватски јазик на Ленче Тосева. Татјана Громача е веќе еминентно име во најновата хрватска проза. За романот „Божествени дечиња“ доби две високи и реномирани книжевни награди во...

Арјан Калчо, албански поет инспириран од Охрид

Писателот, поет и професор од Корча, Република Албанија, Арјан Калчо, деновиве учествуваше на Меѓународна поетска средба во Охрид, организирана од КИЦ „Култура 365“. На средбата прочита три свои песни од објавена збирка на албански јазик и речиси низ трите се препознаваше Охрид, со неговите сокаци,...

Дуке Бојаџиев со уште два концерти в недела

Поради големиот интерес за концертот „Сон, верба, љубов“ на Дуке Бојаџиев со Македонска филхармонија, кој ќе се одржи вечерва, во 20 часот, музичарот најавува уште два концерти во Скопје, кои ќе се случат в недела, на 15 февруари, во кино „Фросина“ (МКЦ), со почеток во 19 и...

Врачување на наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2014 година

Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги додели годишните награди за најуспешните книжевни остварувања објавени во 2014 година. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга ќе ја добие Радован Павловски, наградата „Стале Попов“ за најуспешна прозна книга ќе му биде врачена на Божин Павловски, а...

Реставрирана фасада на објект од староградска архитектура во Кичево

Во Кичево денеска беше претставен новиот лик на куќа – споменик на културата од прва категорија, на улицата Јанко Михајловски број 11 и 13, на која фасадата е обновена со 1.800.000 денари од Министеството за култура, во рамки на проектот за заштита, реставрација и конзервација...

„Свињарот“ на Андерсен, нова премиера на Охридскиот театар

Претставата „Свињарот“ од Ханс Христијан Андерсен, е новата премиера на Охридскиот театар која се игра во хуманитарни цели, а средствата собрани од билетите ќе бидат уплатени на жиро-сметката за жителите од поплавените подрачја во земјата. Режијата е на Ѓорѓи Ризески, а играат Филип Кипровски, Билјана Билаловиќ,...

Дигитализација на книжниот фонд во НУБ со нова опрема

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е ставена во функција современа висококвалитетна опрема за дигитализација на книжниот фонд, која Владата на Рeпублика Македонија ја набави во рамки на проектот дигитална библиотека. Со новиот сервер ќе продолжи дигитализирањето на печатените книги кои се чуваат...

Поетите читаа стихови во чест на А. Ден Долард

По повод роденденот на А. Ден Долард (7 февруари 1901 – 26 јуни 1994), КИЦ „Култура 365“ од Охрид, организираше поетска средба, на која се претставија поети од земјава и од соседството. Тоде Илиевски прочита песна посветена на холандскиот писател А. Ден Долард, а...

Дуке Бојаџиев на концерт со Македонска филхармонија

Македонскиот композитор Дуке Бојаџиев, на 13 февруари ќе одржи концерт заедно со оркестарот на Македонска филхармонија. Публиката ќе има можност да ужива во несекојдневна и атрактивна програма, насловена „Сон, верба, љубов“. Концертот ќе се одржи во Македонска опера и балет во 20 часот, под диригентската...

„Кокошка“, нова премиера на битолскиот театар

Битолскиот народен театар веќе е подготвен да ја прикаже новата премиера, „Кокошка“ од авторот Николај Кољада, а во режија на актерот познат по своите стендап-комедии, Маријан Ѓоргиевски. Премиерата е најавена за понеделник, 9 февруари, во 19.30 часот, на новата сцена на БНТ. Оваа претстава е...

Промовиран филмот „Патот до европскиот врв – Почеток“

Вчеравечер, во присуство на голем број пријатели, обожаватели и подржувачи на европскиот шампион на ридски патеки, Игор Стефановски - Иџе, се случи премиерата на филмот за сезоната 2014, во која првпат Иџе се закити со титулата европски шампион во катерогија 1, трки организирани од ФИА. Премиерата на...

Објавен романот „Седмиот ден“ од Ивица Челиковиќ

„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот на македонскиот писател Ивица Челиковиќ, „Седмиот ден“. Ова е втор роман на Челиковиќ, во кој, исто како и во првиот, „Зад источната линија“, пишува на иселеничка тема, за илузиите, патешествијата и за лавиринтите во македонските и во...

Годишна изложба на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“, прилепскиот фотокино-клуб „Прилеп“, утре во 19 часот, ќе ја отвори својата втора годишна изложба „Јордан Зазоски-Зазо“. Во изложбата ќе бидат вклучени 55 фотографии од 22 автори: Александар Десоски, Виктор Керов, Гоце Трајкоски, Филип Николоски, Дарко Митрески, Христијан Ѓеоргиев, Христијан Петрески, Петар...

Реконструирано киното во Делчево

Во Делчево повторно ќе биде ставено во функција киното кое со финансиска поддршка на Министерството за култура, од околу два милиони денари, лани беше реконструирано и доби нова фасада, нова покривна конструкција и уредени санитарни јазли. Министерката Елизабета Канческа-Милевска вчера ја посети Општина Делчево и кино-салата,...

СВП со проектот „Версополис“ во програмата „Креативна Европа“

Националната установа Струшки вечери на поезијата, утре во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, преку проектот „Версополис“, ќе се претстави во програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Во просториите на ЕУ Инфоцентарот ќе се одржи Инфоден за „Креативна Европа – Програма на Европската Унија“ – категорија „Платформи“. Проектот...

Охриѓани ги чествуваат ликот и делото на Григор Прличев

Наредниве два дена во Охрид ќе се одржат низа свечесности во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“, годинава посветени на 122. годишнина од смртта на Григор Ставрев Прличев, еден од најистакнатите македонски писатели на преродбата. Во охридската библиотека, која го носи името на Прличев, утре, со...

„Мајки“ на Манчевски ќе се прикажува во „Линколн центар“ во Њујорк

Македонско-француско-бугарската копродукција, филмот „Мајки“ на најуспешниот македонски режисер Милчо Манчевски, ќе биде прикажан во прочуениот „Линколн центар“ во Њујорк следната недела. „Линколн центарот“ е дом на Њујоршкиот филмски фестивал и на „Метрополитен опера“. По проекцијата на филмот, професорката Имелда О’Рајли ќе води интервју со Манчевски,...

Симон Трпчески четирипати го враќаа на сцена

Публиката во Берлинската филхармонија вчера четирипати го врати на сцена Симон Трпчески. Еден од најталентираните германски музичари, Даниел Дерфолц, кој го придружуваше македонскиот пијанист на труба, вели дека е уживање да се работи со Трпчески, кој со својот начин на музицирање на сцената внесува доза...

Почина авторката на романот „Птиците умираат пеејќи“

Австралиската писателка Колин Мекалоу, чиј екранизиран бестселер „Птиците умираат пеејќи“ стана една од најгледаните телевизиски мини-серии, починала на 77-годишна возраст, по низа здравствени проблеми, објавил нејзиниот издавач „Харпер Колинс“, јавуваат светските медиуми. Мекалоу почнала да пишува по децении работа како успешен научник невролог во Австралија,...

Две премиери во кино „Милениум“

На репертоарот на кино „Милениум“, следната седмица љубителите на филмот ќе имаат можност да проследат две нови филмски остварувања, пренесе „Култура“ (cooltura). Од четврток (29 јануари), во терминот од 20 часот, најновата „шпионска“ пародија „Мортдекаи“ („Mortdecai“), на режисерот Дејвид Коеп, со одлична актерска екипа, предводена од...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...