fbpx

Две премиери во кино „Милениум“

-

На репертоарот на кино „Милениум“, следната седмица љубителите на филмот ќе имаат можност да проследат две нови филмски остварувања, пренесе „Култура“ (cooltura).

Од четврток (29 јануари), во терминот од 20 часот, најновата „шпионска“ пародија „Мортдекаи“ („Mortdecai“), на режисерот Дејвид Коеп, со одлична актерска екипа, предводена од Џони Деп, Гвинет Палтроу и Јуан Мекгрегор.

Истовремено, справувајќи се со разлутените Руси, Британската тајна служба, неговата долгонога сопруга и меѓународен терорист, веселиот трговец со уметнички дела и измамник, Чарли Мортдекаи, е принуден да го мине целиот свет вооружен само со својот добар изглед и шарм, за да врати една украдена уметничка слика, за која се смета дека го содржи кодот на една загубена банкарска сметка полна со злато од нацистите.

За најмладите, пак, следува ново задоволство: анимираниот „Астерикс: Град на боговите“ („Astérix: Le domaine des dieux“), во режија на Луи Клиши и на Алекдандре Астиер, осамнува на репертоарот на кино „Милениум“, во дневните термини.

За да го уништи галското село на кој било начин, Цезар планира да ги претопи селаните, наметнувајќи им ја римската култура. Така, тој почнува да гради во близина на селото за да формира нова римска колонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...