fbpx

„Традиција 2000-2015“ е слоганот на 15. саем на Булеварот на книгите

-

„Традиција 2000-2015“ е слоганот под кој ќе се оддржи традиционалниот, 15. саем на Булеварот на книгите.

– Книга во секој дом на Булеварот на книгите, овојпат посветена на македонските автори. Нашата идеја е едноставна – секојдневно дружење со македонски автори, денови во кои нивните дела ќе имаат промотивни цени. Ова е воедно продолжување на афирмирањето на идејата за празнување Ден на македонската книга. Празник кој, со вклучувањето на сите релевантни институции од областа на културата, од приватниот и од општествениот сектор, ќе ја промовира културата на читање, со разни теми од сите области на општественото живеење. Токму затоа, би ги поканил сите љубители на книгата да го посетат саемот бидејќи книгите се големи сами по себе, но се уште повеличествени кога се во рацете на читателите – изјави Дејан Павлески од „Клуб Матица“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...