fbpx

Раде Силјан е добитник на наградата за поезија за 2014 година

-

Раде Силјан е добитник на наградата за поезија за 2014 година на списанието „Литература и уметност“, орган на Сојузот на писатели на Република Молдавија. На познатиот македонски поет и литературен критичар признанието му е доделено за поетската книга „Сенка на векот“, која минатата година во Кишињев беше објавена на романски јазик во престижната едиција „Пегаз“ на гласилото на молдавските писатели.

Во образложението за наградата, посебно се нагласуваат конзистентноста на поетската книга, свежината и оригиналноста на поетскиот јазик, како и универзалните лирски пораки проткаени со длабоки филозофски промисли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...