fbpx

Почина авторката на романот „Птиците умираат пеејќи“

-

Австралиската писателка Колин Мекалоу, чиј екранизиран бестселер „Птиците умираат пеејќи“ стана една од најгледаните телевизиски мини-серии, починала на 77-годишна возраст, по низа здравствени проблеми, објавил нејзиниот издавач „Харпер Колинс“, јавуваат светските медиуми.

Мекалоу почнала да пишува по децении работа како успешен научник невролог во Австралија, Велика Британија и во САД, а нејзиниот роман, семејната драма „Птиците умираат пеејќи“, е продаден во 30 милиони примероци во светот.

Авторските права за романот биле продадени за тогаш рекордни 1,9 милион американски долари, a мини-серијата работена според романот им донесе голема популарност на актерот Ричард Чемберлен и на актерката Рејчел Ворд.

Серијата во времето кога се прикажувала, во 1983 година, станала втора по гледаност серија на сите времиња во САД, а освоила и четири награди „Златен глобус“ и шест награди „Еми“.

„Нејзиниот придонес за австралиската книжевност и читателите во светот е огромен. Таа е една од првите австралиски авторки кои успеале на глобално ниво. Многу ќе ни недостасува“, било наведено во соопштението на австралискиот „Харпер Колинс“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...