Книжевна вечер со Андоновски, Мухиќ и со Трендо во Кочани

Вечерва во 19 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, ќе се одржи книжевна вечер со Венко Андоновски, Ферид Мухиќ и со Сашо Мацановски-Трендо.

На средбата, издавачката куќа „Табернакул“ ќе промовира дела од книжевната ризница на овие автори, кои, пак, ќе зборуваат и за своите творечки пориви.

Со овој настан кочанската публика ќе има ретка можност едновремено да се сретне со три големи македонски книжевни имиња од „Табернакул“, првата приватна издавачка куќа во Македонија која постои 25 години.