Очув од Делчево е под истрага за обљуба на 15 годишно девојче

Тој ги искористувал моментите кога мајката на малолетничката не била дома и во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз жртвата

Фото: The image was posted by Anemone123 on Pixabay

Очув од Делчево е под истрага поради сомнение за обљуба на 15 годишно девојче.

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кој постои сомнеж дека од летото во 2022 година па сè до крајот на месец ноември оваа година ги искористувал моментите кога мајката на малолетничката не била дома и во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз жртвата на која ѝ бил очув.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност за влијание на сведоците, прикривање на трагите како и ризик за повторување на делото.