Манчевски одржа предавање во Лондон

-

Режисерот Милчо Манчевски одржа предавање во реномираната британска филмска академија „Лондон филм скул“ во Ковент гарден во Лондон. На покана од академијата и од катедрата за сценарио, Манчевски одржа предавање под наслов „Сценарист или режисер: Уметност – подобрување на вистината?“. Предавањето и разговорот со студентите се однесуваа на темата на преточување на пишаната форма (сценарио) во визуелна форма (филм), видено низ призма на опусот на Манчевски.

Претходно, за студентите беа прикажани филмовите на Манчевски, „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“, како и неговата работа на американската телевизиска серија „Жица“ (The Wire), снимена за каналот „Ејч-Би-О“ (HBO). На претходните часови студентите беа запознаени и со последното излагање на Манчевски како воведен говорник на конференцијата „Светска мрежа на сценарио“ во Потсдам, Германија, под наслов „Зошто сакам да пишувам и мразам да режирам“.

Раководител на ценатата „Лондон филм скул“ е легендарниот британски режисер Мајк Ли. Академијата следната година ќе одбележи 60 години постоење.

Меѓу бројните досегашни предавања на Манчевски, најзабележани се раководењето со Катедрата за режија на постдипломските студии при Њујоршкиот универзитет, предавањата и продукциските проекти на рускиот државен универзитет ВГИК во Москва (каде на Манчевски му беше доделен почесен докторат), Кембриџ, Јејл, Кинотеката во Ханој, Кинотеката во Болоња, германскиот државен филмски универзитет Бабелсберг (Германија), Бразил, Сингапур, Индија, итн.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...