fbpx

Општина Штип: Штрајкуваат само седум професори

-

Во Штип има само седум штрајкувачи, а воспитно-образовните институции работат нормално, информираат од Општина Штип.

„Штрајкуваат шест професори од едно средно училиште и еден во едно основно училиште. Во овој колектив, денеска 94 наставници се на работа, а само еден штрајкува, во случајов, единствениот штрајкувач е претседателот на СОНК. Тоа значи дека од вкупно повеќе од 500 наставници и професори во основното и во средното образование, само седуммина го поддржаа штрајкот на СОНК“, стои во реакцијата на Општина Штип.

За да не трпи наставата, за овие штрајкувачи Општината најавува дека ќе биде обезбедена привремена замена.
Од Кочани, градоначалникот Ратко Димитров соопштува дека кочанските училишта и градинки работат нормално.

– Вработените од шесте основни и од двете средни училишта се на своите работни места, а сите ученици и деца од претшколските установи се уредно примени – велат од Општина Кочани.

Работата и наставата се одвиваат нормално, известуваат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...