fbpx

Министерството за култура додели 30 стипендии за стручно усовршување

Триесет апликации прифатило Министерството за култура на конкурсот за 2015 година за стручно усовршување на млади уметници во сите дејности од културата и за едукација на дефицитарен кадар на престижни универзитети во светот. Конкурсот се објавува од 2008 година и до 2014 година се доделени вкупно 375...

Мозаиците во Хераклеја, магнет за странските туристи

Мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис крај Битола беа вистински магнет за илјадниците странски и домашни туристи во изминатата година. Како никогаш досега, минатата година туристите го имаа тоа задоволство да ги видат сите мозаични површини во античкиот локалитет, кои се простираат на исклучително...

Денеска почнува главното дефиле на маски во Вевчани

Денеска во Вевчани почнува главното дефиле на маски. Се очекува низ главната улица во Вевчани да продефилираат повеќе маски, инспирирани од разни случувања во општествено-политичкиот живот во земјата, но и пошироко. Светски познатата телевизиска куќа „Би-Би-Си“ ќе сними документарец за оваа оригинална манифестација што ги отсликува...

Раде Силјан е добитник на наградата за поезија за 2014 година

Раде Силјан е добитник на наградата за поезија за 2014 година на списанието „Литература и уметност“, орган на Сојузот на писатели на Република Молдавија. На познатиот македонски поет и литературен критичар признанието му е доделено за поетската книга „Сенка на векот“, која минатата година...

Промоција на книга и на монодрама на Вевчанскиот карневал 2015

Збирка раскази од Косте Шутиноски денеска ќе биде промовирана во Општината Вевчани, во рамки на годинешниот Вевчански карневал. Во рамките на карневалот, Доне Донев ќе изведе и монодрама. Централната манифестација на Вевчанскиот карневал, кој се одржува за време на василичарските празнувања, ќе се одржи на 13...

Почина Род Тејлор

Легендарниот актер Род Тејлор почина во својот дом во Лос Анџелес, јавија американските медиуми. Осумдесет и четиригодишниот Тејлор, кој е роден во Австрлија, играше во повеќе култни филмови, како што се „Временска машина“, „Ограбувачи на воз“ и „Неславни копилиња“ на Квентин Тарантино, но ќе биде...

„Утринска молитва“, седми роман на Петко Шипинкаровски

Најновиот роман „Утринска молитва“ на писателот Петко Шипинкаровски е опфатен со програмата за поддршка на проекти од национален интерес на Македонија, на Министерството за култура на Република Македонија. Делото кое ќе биде објавено годинава, е седми по ред роман на Шишинкаровски или деветти, сметајќи ги двете...

Романот „Сребрените снегови” од Чинго во македонската електронска библиотека

Романот „Сребрените снегови“ од Живко Чинго влегува во македонската електронска библиотека. Меѓу вредните дела во официјалната електронска библиотека на македонски дела и автори, ќе се најде и ова дело на популарниот македонски писател, роден во Велгошти, крај Охрид. Овој роман за деца, бил издаден во...

Василичарски концерт на Македонска опера и балет

Македонска опера и балет в понеделник и во вторник, 12 и 13 јануари 2015 година, ќе одржи два концерти насловени „Најдоброто од најдобрите“. Се работи за колаж на најдобрите нумери од трите поранешни концерти „Свинг енд џез“; „Македонски евергрин“ и „Филмски ноти“. Ќе настапат ѕвездите од...

Во Тирана почина Цветан Мазнику, фолклорист и активист за правата на Македонците

Во Тирана, на 80-годишна возраст, почина Цветан Мазнику, голем македонски активист и собирач на фолклорот на Македонците во Албанија. Автор е на една од двете првообјавени книги на македонски јазик во Албанија. Има објавено повеќе од 660 поговорки, а собрал околу 3.000 поговорки, клетви, благослови...

Концерт „Божик слава 2015“ на камерниот хор „Света Злата Мегленска“

Хорот „Света Злата Мегленска“ вечерва ќе го држи својот традиционален концерт по повод Христовото раѓање. Концертот „Божик слава 2015“, во соработка со Македонската православна црква, ќе се одржи во 19.30 часот во црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје, под покровителство на сопругата на претседателот на Република...

ДПМ ќе организира 17 поетски каравани

Нов циклус од 17 поетски каравани ќе организира Друштвото на писателите на Македонија во 2015 година, во рамките на проектот за дисперзија на културните настани. „Покрај договорената соработка за оваа манифестација со библиотеките во Гевгелија, Куманово и во Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“...

Канческа-Милевска: Повеќе од 1.700 проекти ја унапредија културата во 2014 година

Во 2014 година се завршени повеќе од 1.700 проекти, што е 98 отсто реализираност од планираните. Најмаркантни за годината што завршува се отворањето на Археолошкиот музеј на Македонија, кој за два месеца има 10.000 посетители, и новата зграда на Велешкиот театар по 66 години...

Промовирани 20 дела од едицијата „Врвови на светската филозофија“

Во Македонскиот народен театар денеска беа промовирани нови 20 дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“. - Се работи за научни гранки каде многу малку имаме преведено на македонски јазик и студентите, професорите, научните работници, па и граѓаните што сакаат...

Деветнаесет награди на вториот конкурс за создавање класична музика

Деветнаесет награди со вкупен износ од 3.515.000 денари се доделени на вториот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. На конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика, до Министерството биле поднесени 36 апликации за...

Изложба на скулптури на Слободан Панов

Уметникот Слободан Панов денеска во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе ги изложи своите скулптури „Човек форма“. Темата на изложбата, е човекот во движење, а Панов преку своите скулптури и геометриски решенија истакнува дека сè е сведено на формата.

Лидија Димковска е номинирана за „Европски поет на слободата 2016“

Македонската поетеса Лидија Димковска е номинирана за полската награда за поезија „Европски поет на слободата 2016“, за поетската збирка „пХ неутрална за животот и смртта“. Наградата, која ја градот Гдањск и Градскиот институт за култура од Полска, е една од најпрестижните во Полска и се...

Промовирана збирката раскази „Сто години копнеж“ од Мишо Јузмески

Во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, вчеравечер пред читателската јавност во Ресен беше промовирана збирката раскази „Сто години копнеж“ од охридскиот автор Мишо Јузмески. За целокупното творештво на авторот зборуваше Наташа Зузаровска, а поконкретно за книгата „Сто години копнеж“ свој осврт даде м-р Лидија...

Министерот за култура и спорт на Босна и Херцеговина во посета на Македонија

Министерот за култура и спорт на Босна и Херцеговина, Салмир Каплан, кој е во посета на Македонија, денеска ќе се сретне со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На средбата ќе се разговара за соработката во областа на културата меѓу двете земји. По средбата, тие ќе...

80 книги пристигнале на конкурсот на ДПМ

80 дела пристигнале на конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија. Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Мостови“ за најдобра книга напишана на...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...