Во четврток, 16 мај, со почеток во 13 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (големиот амфитеатар, А3), ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“, информираат оттаму.
Учесници на разговорот што го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се професорките Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски. Разговорот ќе го модерира Ѕвездан Георгиевски.
Настанот се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од наградата „Роман на годината“.