fbpx

Романот „Сребрените снегови” од Чинго во македонската електронска библиотека

-

Романот „Сребрените снегови“ од Живко Чинго влегува во македонската електронска библиотека. Меѓу вредните дела во официјалната електронска библиотека на македонски дела и автори, ќе се најде и ова дело на популарниот македонски писател, роден во Велгошти, крај Охрид.

Овој роман за деца, бил издаден во 1966 година, а преставува значајно дело за развојот на македонската литература. „Сребрените снегови“ обработува тематика од војната, раскажана преку жителите на едно село, именувано како Скутаско, како и периодот на описменување на македонските граѓани во повоениот период.

Романот „Сребрените снегови“ на Живко Чинго во електронското издаваштво ќе биде внесен заедно со делата „Зима на слободата“ на Димитар Солев, „Поезија“ на Гане Тодоровски, „Две тишини“ на Анте Поповски, „Пустина“ на Ѓорѓи Абаџиев и други.

Фондацијата „Македоника“, која го основаше проектот за поместување во електронско издание на дела на македонски автори, годинава ќе го збогати изборот на наслови на книги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...