fbpx

„Цивил“ и Хелсиншки комитет изразија поддршка и сочувство до Французите

-

Центарот за слобода „Цивил“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија изразуваат длабоко сочувство и поддршка до граѓаните на Франција по вчерашниот терористички напад на сатиричниот француски неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 луѓе, 10 од нив новинари и двајца полицајци.

Изрази на сочувство и на поддршка, „Цивил“ упатува и до сите членови на семејствата на загинатите и до нивните колеги и пријатели.

– Овој терористички чин претставува директен напад врз слободата на изразување и врз слободата на медиумите. Ваквиот варварски чин покажува уште еднаш дека оние кои силно и посветено се борат за слободата ја плаќаат највисоката цена – смета „Цивил“.

„Цивил“ ги повика сите граѓани да учествуваат со поддршка и со солидарност преку испраќање свои пораки и фотографии на фејсбук-страницата на Центарот за слобода или по електронска пошта, на [email protected].

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија смета дека нападот на неделникот „Шарли ебдо“ претставува напад врз слободата на изразувањето и на уметноста, како и на критичката мисла. Од Хелсиншкиот комитет повикуваат овој чин на насилство да биде третиран како чин на индивидуалци, а не како чин на колектив кој ѝ припаѓа на одредена религија.

– Сакаме да ја поддржиме солидарноста и сплотеноста што ја манифестираа граѓаните во текот на вчерашниот ден кога се собраа на плоштадот во Париз со порака „Не се плашиме“, бидејќи овој напад, пред сè, има цел да создаде хаос, несигурност и да ги поткопа безбедноста и слободата на изразување на критичката мисла. Верското уверување или убедување не може и не смее да се брани со насилство ниту, пак, да оневоможува слободен протек на критичка мисла во јавниот простор, вклучувајќи ги хуморот и сатирата во новинарската работа. Спротиставените мислења за одредени прашања не се решаваат со одземање животи – велат од Хелскиншкиот комитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...