fbpx

Сите сакаат да заработат од трагедијата во Париз

-

Милиони луѓе во светот на социјалните медиуми објавија „Je suis Charlie“ („Јас сум Шарли“), идентификувајќи се слоганот кој во себе ја крие пораката „Слободен сум, не се плашам“.

Фразата „Јас сум Шарли“ е дело на уметникот Жоашим Ронса, кој непосредно по нападот на својот твитер-профил ја објави сега славната фотографија, на која слоганот е испишан со фонтот на парискиот сатиричен магазин. Таа стана најммногу преобјавуваната фотографија на социјалните мрежи.

Повеќе од 50 Французи, една Австралијка и еден Белгиец се обидоа да ги патентираат сликата и слоганот.
Белгискиот бизнисмен Јаник Ујтерхаген, 24 часа по минатонеделните трагичните настани во Париз, поднесе барање за заштита на фразата за користење на средства за чистење, препарати за тоалет, хартиени производи, облека, игри, пијалаци, реклами и телекомуникации.

Австралијката Грета Гросберг, која стои зад компанијата за модни додатоци „Фастлинк“, поднесе барање да ги патентира двете фрази „Je suis Charlie“ (Јас сум Шарли) и „Charlie Hebdo“ (Шарли ебдо), една недела по нападите во Париз во кои загинаа 17 лица.

Гросберг потврди за весникот „Аустралијан“ дека поднела барање за патентирање и изјави дека е изненадена што некои ја сметаат нејзината постапка за навредлива. Таа вели дека засега нема некои посебни планови како ќе ги користи заштитените фрази.

Ронса е згрозен од ваквите обиди и вели дека само една организација, НВО „Репортери без граници“, добила дозвола да ја користи неговата слика. Тој веќе консултирал адвокати за да го сопре комерцијалното користење на слоганот.

– Ужасна е самата помисла дека слоганот кој е полн со толку многу надеж, ќе биде нечија сопственост. Сакам оваа порака да остане чиста. Четири милиони лица на улиците на Париз ја извикуваа поракава. Таа се извикуваше на улиците на Лондон, Њујорк и насекаде на светот. Ќе бидам згрозен ако некој се обиде да заработи на слоганов – вели Ронса.

Експертите за петентно право се поделени во врска со ваквите барања. Дел од нив сметаат дека барањата ќе бидат одбиени бидејќи се спротивни на јавната политика и на прифатените морални принципи на Директивата за трговски марки. Сепак, според некои експерти, за разлика од други трговски марки кои се директно поврзани со трагедии, овој слоган нема ништо потценувачко или навредливо. Тие истакнуваат дека слоганот има позитивна конотација, претставува одраз на слободата на изразување и е производ на движењето за заштита на слободата на говорот и борбата против тероризмот, кое израсна по трагичните настани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...