fbpx

ИВЗ го осуди терористичкиот напад во Париз

-

Исламската верска заедница денеска испрати реакција во која категорично се вели дека насилството не е дел од исламот, алудирајќи на терористичкиот напад во редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, каде десет новинари и двајца полицајци ги загубија животите.

„Со длабока огорченост ја добивме веста за терористичкиот напад во Париз, Франција. Тајните ги знае само севишниот Алах, но како што се пласираше во јавноста, врз основа на исламските принципи, ние го oсудуваме овој акт затоа што е далеку од принципите и од учењата на исламот кои произлегуваат од светиот Куран. Затоа ние жестоко ги осудувамe овие појави и повикуваме сите криминалци, без разлика на боја, националност и на религија, да бидат изведени пред лицето на правдата затоа што сме убедени дека не постои религија во светот што ги оправдува овие и ним сличните акции. Истовремено, упатуваме искрено сочувство до семејствата на жртвите и на целиот пријателски француски народ“, пишува во реакцијата на ИВЗ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...