Во Македонскиот народен театар денеска беа промовирани нови 20 дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.
– Се работи за научни гранки каде многу малку имаме преведено на македонски јазик и студентите, професорите, научните работници, па и граѓаните што сакаат да прочитаат нешто од таа област, најчесто беа упатувани тоа да го прават на други јазици, најчесто на јазиците на соседните држави – рече Груевски.
Преку проектот, според министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, македонската стручна јавност и студентите добиваат уникатна можност за користење богатата продукција дела, кои се создадени во рамките на научната дејност на најреномираните британски, американски и германски универзитети.
Меѓу дваесетте книги се дела на британскиот филозоф, математичар и општествен критичар Бертранд Расел, на американски логичар и филозоф Вилар ван Орман Квајн, на Лангшоу Остин, на Мирослав Хрох, Џејмс Еванс, Иво Бањац, Михајло Поповиќ, Норман Нејмарк, Рој Медведев и на Ерик Хобсбаум и други. Проектот опфаќа 366 книги.